Љубовната приказна на Столе Димитриевски и Ирина: „Отидов од Мадрид во Лисабон на прв состанок со неа“
- Детали
- понеделник, 21 јули 2025
„Не ми беше баш едноставно да ја освојам. Да бидам искрен, и не беше баш краток период. Ама, сметам дека тоа е нормално“, вели за CRNOBELO.com голманот Столе Димитриевски и ја раскажа својата љубовна приказна со саканата Ирина.

Голманот на македонската фудбалска репрезентација и на ФК Валенсија, Столе Димитриевски, скоро година и половина е во врска со Ирина Јанкуловска.
Иако му требало подолго време да ја освои, тие денес уживаат во љубовта, одат на патувања низ светот, а Ирина го следи на сите негови натпревари и е неговата среќна амајлија.

За нивната љубовна приказна, која почнала кога Столе од Мадрид заминал во Лисабон за да имаат прв состанок, а се зацврстила кога Ирина решила поради него да се пресели во Шпанија, голманот ни раскажа во интервјуто.

Прочитајте ја нивната интересна приказна:
Како се запознавте со Ирина?
Се запознавме во Лисабон. Зборувавме прво малку преку социјални мрежи и потоа јас отидов од Мадрид во Лисабон на прв дејт.
После тоа јас не можев да одам за Лисабон, па Ирина дојде во Мадрид - летот меѓу двата града е околу 30 минути.
Мислам дека ќе продолжев да одам во Португалија, но поради мојата професија и тренинзите, не можев да одам, немав слободни денови во тој период.

Те привлече на прво гледање?
Првпат кога ја видов Ирина, имаше една енергија која не сум ја осетил до сега и се почувствував посебно и единствено, би кажал.
Јас доста се водам од енергија, позитива, од таквите работи, а со Ирина го имав сето тоа веднаш.
Има многу работи со кои ме привлече.
Прво тоа е со нејзината оригиналност, со нејзината едноставност како човек. Но, стварно има доста работи со кои ме привлече.

Ти требаше ли долго време да ја освоиш?
Не беше баш едноставно за мене, помина еден период во кој пробував да ја освојам, ама, тоа е нормално.
Да бидам искрен, и не беше баш краток период.

Колку долго сте заедно?
Година и нешто, веќе. Од февруари лани.

