Љубовната приказна на Столе Димитриевски и Ирина: „Отидов од Мадрид во Лисабон на прв состанок со неа“
Во овој период често одите заедно на патувања. Која е некоја најубава дестинација што сте ја посетиле како пар?
Само што се вративме од вториот заеднички одмор, бевме на двонеделно патување во Јапонија.
А најубава дестинација, што сме ја виделе, па мислам дека Лос Анџелес и Санта Моника беа најдобро и најспецијално патување што сме го направиле досега.

Дали врската ви е и понатаму на релација Шпанија-Португалија или Ирина се пресели во Валенсија за тебе?
Преселена е во Шпанија, живееме заедно.
Таа работи за компанија од Њујорк, па не е врзана со место на живеење заради работата.

Дали е Ирина спортски тип? Дали ја интересира спортот?
Сега повеќе ја интересира спортот.
Имаме период на објаснување на правилата во фудбалот, запознавање на тоа што го правам...

Научи ли што е офсајд?
Малку тешко ѝ беше, но научи. Има спортски дух.
Оди во сала за вежбање, на јога, ме носеше и мене на јога, неколкупати.
Нормално е. Во нашата куќа се дише спорт и таа енергија после тренинг се чувствува кај нас.

Ирина, те следи цела време на натпреварите. Дали ти е среќна амајлија кога е со тебе на терен?
Да, нормално. И ми е среќна амајлија, но ми дава многу голема поддршка и во секојдневните ситуации, зашто оваа година поминав малку потежок период што не играв.
Тоа беше малку потешко за мене, но заедно го поминавме тоа, беше полесно отколку кога би бил сам.

Кои се работите што таа ти ги кажува за да те oхрабри кога ќе паднеш?
Пред сè, не сум дошол до ситуација да паднам толку многу, но имам нервозни моменти.
И тогаш таа ми кажува дека јас сум посветен 24 часа на мојата професија, седум дена во неделата, па затоа треба да верувам во тоа што го правам, зашто тоа ме има доведено до тука, нема зашто да бидам нервозен и да не верувам во работите.
Сепак, за мене беше нервозно што не играв константно, особено што сум играл толку години на сите натпревари.

