Бајковитата свадба во родното Берово на Катерина со Захер од Либан - матично во природа, раскошна венчаница (фото)
За атмосферата се погрижија не еден, туку три различни бенда - секој со свој уникатен стил.
Секој дел од вечерта имаше своја музичка приказна, што ни овозможи да танцуваме до зори и да се радуваме заедно со сите кои ни се важни.

Јас обожавам да пеам и без разлика каде и да има музика, секогаш мора да испеам барем една песна. Иако не сум професионалец, тоа ми е во душа.

На свадбата, го имав мојот момент - ја отпеав „Има ли наде за нас“, песна што ја пееме со татко ми со години.
Таа е нашата песна. И токму тогаш, срцето ми се исполни. Сите тие чувства се слеаја во еден глас.

Фустанот… ах, фустанот! Прекрасен, но тежок – толку тежок што по првиот танц веднаш решивме да се пресоблечеме и двајцата.

Но, изгледот беше совршен благодарение на Марјан Петров од Струмица и неговиот тим. Тие се вистински професионалци и направија да се чувствувам прекрасно, и покрај сите мали стресови што ги носи еден ваков ден.

Сопругот го шиеше оделото во Италија, Милано, кај еден од најпознатите дизајнери – Алесандро Марторана“.

За крај имавме after party покрај базенот, каде некои од нашите пријатели се фрлија да пливаат, иако беше студено.

Инаку, гостите од Либан беа воодушевени од прекрасната природа во Берово, а некои се обидоа да играат и македонско оро“.

