Џенгис од Прилеп освои титула на изборот Мистер на светот за глуви и наглуви: „Бариери постојат само ако им дозволиш“
Во моментов не сум вработен, студирам, но паралелно снимам музички спотови и фотосесии.
Имам неколку соработки зад себе и оваа година планирам повеќе модни проекти.
Моето хоби е фудбал. Со него растев, во крвта ми е, и често играм со пријатели.

Што се однесува до идните професионални планови, се гледам во светот на модата и креативната индустрија.
Сакам да ја продолжам кариерата во таа насока - како модел, но и како инспирација за другите.
Планирам да работам на модни проекти, можеби и да имам свој бренд еден ден.
Сакам да покажам дека глувите лица имаат што да понудат и дека бариерите постојат само ако им дозволиш“.

Повеќе фотографии во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело