Мери Бајрамовска за CRNOBELO: „Ќе ја шминкам Дани Димитровска за свадба, откако цело лето ги шминкав ѕвездите во Охрид“
- Детали
- сабота, 09 август 2025
„Сите се многу природни и спонтани со мене додека ги шминкам. Привилегија ми е да се дружам со нив и приватно. На Антониа Гиговска ѝ бев и на свадба, а следно ќе ја шминкам за невеста Дани Димитровска и ќе бидам почестена како гостинка на нејзината свадба“, вели Мери Бајрамовска, која ги разубавува ѕвездите кога доаѓаат во Охрид.

Нашата позната шминкерка, Мери Бајрамовска, живее и работи во Охрид. Таа е магистер во областа на туризмот, вработена на аеродромот Св. Апостол Павле како специјалист за обука, но страст ѝ е шминкањето.
На Инстаграм профилот MakeUpMeri ја следат скоро 90.000 луѓе, што е уште еден доказ за нејзината популарност, но и одлична работа.
А низ нејзините раце постојано „поминуваат“ домашните и регионални ѕвезди, кои Мери ги разубавува пред нивните настапи во Охрид.
Ни ова лето не беше исклучок, а таа се погрижи за убавиот изглед на бројни музички имиња меѓу кои и Јелена Томашевиќ, Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, дури и за Игор Џамбазов пред неговиот охридски концерт.


Таа приватно се дружи со дел од нив, а за CRNOBELO.com, ексклузивно открива:
„Следно што ќе ја шминкам за невеста е Дани Димитровска и ќе бидам почестена како гостинка на нејзината свадба“.
За ѕвездите кои ги шминкаше летово, какви се приватно, дали имаат големи барања или, пак, оставаат Мери да ги разубави со својата фантазија и вешти раце, таа ни раскажа во разговорот:
„Како и секоја година, така и летово го одбележаа многу настани, манифестации и концерти во Охрид.
Па, бројни познати музички имиња од земјава и регионот дојдоа кај нас, a пред настапите - шминката беше неизоставен дел од подготовките.


Во овие 14 години, колку што таботам, ми се чини, нема кој не дошол, а летово веќе ги шминкав Јелена Томашевиќ, Каролина, Тамара, Андријана Јаневска, Дани, Викторија Лоба и други.
Но, не смеам да ги заборавам ни неколкуте претставници од посилниот пол, а меѓу нив Игор Џамбазов и Ристе Ристески.


Работата со луѓе значи средба со различни карактери, вкусови, чувство за убавина, темперамент, различни очекувања и погледи.
Но, да ви кажам искрено, сите на свој начин ми оставиле посебен впечаток, по кој се издвојуваат од останатите - и сите подеднакво ги сакам.
Ми се допаѓа тоа што се многу природни и спонтани со мене додека ги шминкам.


