Мери Бајрамовска за CRNOBELO: „Ќе ја шминкам Дани Димитровска за свадба, откако цело лето ги шминкав ѕвездите во Охрид“
Привилегија ми е да се дружам со нив и приватно.
На Антониа Гиговска ѝ бев и на свадба, а следно што ќе ја шминкам за невеста е Дани Димитровска и ќе бидам почестена како гостинка на нејзината свадба.
Анегдоти со познатите има многу, има многу и муабети. Но ќе издвојам една мисла од Игор Џамбазов, кој вели: „На интервју се оди кога барем нешто си успеал во животот. На интервју не се оди за да успееш во животот“.


Што се однесува до самото шминкање, ја почитувам секогаш желбата на клиентот.
Го цртате ликот за да го разубавите, трошите многу енергија, но штом ќе здогледате радосни очи, искрена насмевка и топло „благодарам“, како да оживувате повторно како уметник и настојувате секој следен пат да бидете подобри во „својата креација“.


Сметам дека денес времето е бесценето, а мојот темперамент е брз.
Јас брзо работам бидејќи си ја знам работата. Па додека се свестиш каде си - веќе си нашмикан.


Денот трае само 24 часа и секој сам избира на што ќе ги потроши.
А јас, покрај работата што ја работам на охридскиот аеродром веќе 25 години, одлучив остатокот од времето да го поминувам креативно, со шминкање, кое ми дава многу повеќе сила да се справам со домашните обврски и да се посветам со љубов максимално на моите деца.
Ништо не би било доволно и целосно, доколку ја немав вистинската поддршка од мојот сопруг и мојата фамилија, бидејќи само така се постигнува вистинскиот успех во она што го сакаме и го работиме со задоволство“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
