Ричард (22) од Лондон се пресели во Македонија: „14 пати доаѓав тука, пред да одлучам да живеам во вашата фантастична земја“
Колку е тешко да се научи македонскиот јазик?
Имам мала предност. Мојата диплома беше по руски, унгарски и украински, па веќе можам да читам сè и да ги разбирам повеќето разговори, поради блискоста на овие јазици.
Но, што се однесува до тоа што можам да кажам... тоа е сè уште ограничено. Но, сега официјално почнав со часови, па можеби следната година ќе можам да одговорам на ова прашање на македонски.

Бурек, ајвар или ракија... Што најмногу ти се допаѓа од македонската кујна?
Уф, од сите овие, дефинитивно ќе изберам бурек.
Отсекогаш сум бил љубител на бурекот со сирење, но неодамна решив да пробам бурек со месо за првпат и тоа стана моето ново омилено.
Сепак, ова лето изедов толку многу ќебапи, така што можеби тие ќе ми бидат основни.

Колку долго планираш да останеш тука и каде одиш понатаму?
Да бидам искрен, сакам да останам овде навистина.
Јас сум посветен на Јутјуб во Македонија и преку моите видеа, се надевам дека ќе го покажам нејзиниот потенцијал на светот и ќе помогнам да привлечам повеќе туристи, а можеби и да ги охрабрам Македонците што размислуваат да го напуштат својот роден крај, да видат колку е величествена нивната земја.
Но, исто така планирам да снимам и во некои други балкански земји… со големо видео 30-дневно што започнува во октомври. Следете ме на Инстаграм за тоа @therealsqm.





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
