Тони Наумовски го живее американскиот сон: „Роден сум во Сиднеј, но живеам на Менхетен - одиграв над 200 филмски и театарски улоги“

„Сум глумел во Madam Secretary, Daredevil, Blindspot и секоја добиена улога е процес на кастинг од неколку кругови, без разлика дали станува збор за 3, 300 или 3000 зборови. А вкупниот број на актери во САД се движи блиску 1,5 милиони“, вели Тони Наумовски, кој 20 години работи во САД, но активно снима и во Македонија.

akterot-toni-naumovski-za-crnobelo-zhiveam-na-menheten-imam-preku-200-ulogi-go-zhiveam-amerikanskiot-son-01.jpg

Тони Наумовски е наш актер, по потекло од Битола, кој е роден во Сиднеј, а живее во Њујорк. За себе вели дека има 18 години со уште 30 години животно искуство.

И токму тоа искуство го насочи во вистинскиот правец - да се пријави на аудицијата за филмот „Лена и Владимир“, кој во краток период му донесе неколку награди за најдобар глумец на неколку филмски фестивали во светот.

akterot-toni-naumovski-za-crnobelo-zhiveam-na-menheten-imam-preku-200-ulogi-go-zhiveam-amerikanskiot-son-10.jpg

За филмот, кариерата, македонските корени и животот во Њујорк, Тони раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Периодов постојано објавуваш информации за филмот „Лена и Владимир“, за кој доби неколку признанија... Раскажи ми накратко за самиот филм и твојата улога во него, но и за наградите кои ги доби.

„Лена и Владимир“ е магичен реализам. Филмот е ко-продукција на Македонија и Србија, работен по сценарио на Александар Русјаков, инаку дебитантски филм на режисерот Игор Алексов.

Во филмот, со поголемо присуство играат: Сара Климоска, Дениз Абдула, Луран Ахмети, Благој Чоревски, Перо Арсовски, Кирил Коруновски, Петар Мирчевски и јас.

Снимен во летото 2018 година и зимата во 2019 година, а имаше официјална премиера на фестивалот Браќа Манаки во 2023 година.

Еден мистериозен човек со трагична тајна засолнува млада девојка бегалка со злоставувачко минато, а нивната необична врска ги предизвикува да го надминат своето мачно мрачно минато и да најдат надеж на неочекувано место.

Ова е филм за три генерации: возрасните - изгубените; средната генерација - изгорените и младите - силуваните.

Трите света на филмот се насликани маестрално од Душан Кардалевски со голема прецизност и специфичност на секој еден детаљ на приказната, каде танцот на камерата стана лик сам за себе во играта со останата композиција на филмот.

akterot-toni-naumovski-za-crnobelo-zhiveam-na-menheten-imam-preku-200-ulogi-go-zhiveam-amerikanskiot-son-07.jpg

Секое признание и награда е сведок и доказ на непоколебливата, долготрајна и макотрпна и несебична работа, за посветеност и уметничката визија на целата екипа на „Лена и Владимир“, која го вложи своето срце и душа за да ја оживее оваа приказна. 

Се чувствувам благословен, почестен и привилегиран да бидам дел од оваа неверојатана екипа и од овој магичен филм, посебно поради соработката со извондредниот Игор Алексов-Битлс.

Во филмот ја толкувам улогата на Владимир кој е ранет исцелител кој живее во затворот на своето минато и на најнеочекуван начин наоѓа еден нов почеток преку духовното ослободување од канаџите на физичкиот свет.

Длабока, слоевита приказна и лик што верувам е сон за секој актер.

Предизвикот да се игра оваа улога е на највиско ниво. Улога што остава лузна во душата, но носи и просветлување во истата.

Улога што отсликува еден миг како исповед на неговото патешествие на патот кон бесконечноста.

Една од оние улоги што ги нарекуваат „животна улога“.

akterot-toni-naumovski-za-crnobelo-zhiveam-na-menheten-imam-preku-200-ulogi-go-zhiveam-amerikanskiot-son-11.jpg

Во филмот носиш маска која ти го менува ликот... по колку часа дневно седеше на шминка и како изгледаше целиот тој процес?

Пред сè една голема благодарност до Горан Игњатовски, врвен мајстор, што ја изработи маската, шминката и специјалните ефекти со помош на фантастичниот Валентин Влов од соседна Бугарија.

Целиот процес траеше од три до четири и пол часа, зависно од снимачкиот ден.

За мене ова беше еден понизен процес и време за соработка, другарување, навлегување подлабоко во светот на Владимир; внатрешната композиција на ликот, духот, енергијата, мислите, медитација, трпение, песна и живеење во постојана активна анализа на истражување и преиспитување на прашањата за посебноста на ликот.

Процес на тотална трансформација во физичка, духовна и мисловна симфонија.

Доаѓавме пред сите и останувавме после сите. Нашите снимачки денови траеја од 16 до 18 часа.

akterot-toni-naumovski-za-crnobelo-zhiveam-na-menheten-imam-preku-200-ulogi-go-zhiveam-amerikanskiot-son-09.jpg

Долги години живееш во САД - дали кариерата и филмот беа причината да заминеш или нешто сосема трето?

Сонот за Њујорк ми се исполни кога добив стипендија да специјализирам на Ли Стразберг институтот за театар и филм.

По моите магистерски студии во Сиднеј, Ана Старзберг, вдовицата на легендариниот Ли Стразберг ми додели стипендија за целогодишно дообучување по неговата методата.

После завршувањето на специјализацијата, почнав да играм во театар. Добив агент и спонзорство да останам и работам во САД, и еве, веќе две децении продолжувам да специјализирам и да се надградувам во големото јаболко. 

akterot-toni-naumovski-za-crnobelo-zhiveam-na-menheten-imam-preku-200-ulogi-go-zhiveam-amerikanskiot-son-08.jpg

Раскажи ми за твојата кариера - поинтересни или позначајни улоги на филм или во театар? Колку ти беше тешко да успееш во Америка?

Имам одиргано над 200 улоги во театар филм, телевизија, видео и звук - гласовна игра.

Секоја улога си носи свој индивидуален пристап и процес како и обем и свој свет.

Сталин, Диетс, Омар, Цар Ојдип, Урош, меѓу театарските улоги, а пред камера улогите во Big Dogs, The Endgame, Madam Secretary, Daredevil, Blindspot итн.

Мачно, тешко или трновито е потценување на процесот на високи постигнувања во светот на уметноста, поготово во САД.

Имам поминато и сито и решето, и тоа не еднаш, што викаат народски.

akterot-toni-naumovski-za-crnobelo-zhiveam-na-menheten-imam-preku-200-ulogi-go-zhiveam-amerikanskiot-son-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Наде Молеровиќ (68), инспиративна жена - Била директорка на училиште, сега е пензионер што граба со ...  „На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголе...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg