Тони Наумовски го живее американскиот сон: „Роден сум во Сиднеј, но живеам на Менхетен - одиграв над 200 филмски и театарски улоги“
Еден мал пример е фактот дека не пости редовно вработување и секоја нова улога е нов почеток и одисеја сама за себе во маратонот со илјадници други.
Секоја добиена улога е процес на кастинг од неколку кругови, без разлика дали станува збор за улога со три, триста или три илјади зборови.
Треба да си во постојана подготовка и кондиција, ментална, духовна и физичка, со многу енергија, ентузијазам, дисциплина, љубов и трпение како и непрестана работа над себе.
Њујорк има околу 1.000 театри со 3.500-4.000 премиери на година. Според некои истражувања, вкупниот број на актери во САД се движи блиску еден и пол милиони.

Каков е твојот живот таму, каде живееш? Имаш ли свој дом или си под кирија? Дали е тешко, всушност, да се купи стан или куќа во САД?
Живеам на Менхетен, во раскош на духовно и уметничко изобилство и секогаш во материјална добивка.
Животот е возбудлив, предизвикуачки и неблагодарно би било да се жалам за што и да е.
Њујорк важи за еден од најскапите градови во светот.

Што ти се допаѓа, а што би сменил (ако можеш) во нивниот систем или менталитет?
Ми се допаѓа слободата, чувството на гордост и самодоверба, почитувањето за она што се и од каде доаѓаат, поготово што САД е реалтивно млада нација.
Исто така ми се допаѓа нивото на професионализам, каде што се цени секоја минута. Времето е најскапото нешто што еден човек поседува.
Се цени квалитетот. Се почитува мислењето на индивидуалецот и се слуша и гледа длабоко и внимателно.
Би сакал да има бесплатно здравство и школство, како и мерките да се во килограми и метри.

Какви се Американците за дружење, комуникација, или повеќе се дружиш со Балканци?
Природно, своето си го привлекува своето. Да, поголемиот дел од најблиските ми се од истокот и југоистокот на Европа.
Инаку, да се зборува за Американците е голем поим, затоа што јас сепак живеам во Њујорк каде што општеството е многу различно од останатиот дел од Америка.
Во Њујорк луѓето се многу отворени и комуникативни.

Имаш ли омилени места, каде што се чувствуваш свој на своето?
Освен Њујорк, Македонија секако.
Исто така Софија како град на мојата младост каде што студрирав и Сиднеј мојот роден град.

Колку често се враќаш во Македонија? Што наше ти недостига во САД?
Се враќам редовно секоја година некогаш и по неколку пати. Инаку ми недостига скоро сè.
Семејството, другарите, колегите, хуморот, храната, воздухот итн.

Ти се исполни ли американскиот сон?
Да, далеку повеќе од сонуваното, без да си ја продадам душата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
