Ердован и Емине од прилепско се занимаваат со земјоделие: „Во лето стануваме и во 1 по полноќ за берење, работата не е лесна“
Што е она што луѓето од град, кои никогаш не обработувале земја, погрешно го замислуваат за земјоделството? Кои се најголемите заблуди?
Тие што никогаш немаат работено земјоделие мислат дека ние немаме време воопшто за ништо освен за нивите и дека заработуваме којзнае колку. Тоа им е грешно мислење.
Има години кога ќе заработиш и добро, ама има години кога може со некоја култура и во минус да влезеш.
Дали имате поддршка – од држава, од заедница… Или се снаоѓате сами?
Да, од државата имаме поддршка во делот на субвенции и преку ИПАРД програми за набавка на земјоделска механизација и сега за гориво.
Што би ги советувале оние кои размислуваат да почнат да се занимаваат со земјоделство?
Земјоделието не е лесно да се работи. Има големи ризици, но е интересно
Можеби бидејќи ние сме млади, па така размислуваме, но тој што сака да работи, има услови и тука, во нашата држава.
Повеќе фотографии во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Софија Спирова | Црнобело
