Катерина Андова за битката со алопеција: „Никогаш нема да носам марами, сега кога ја знам слободата без нив“
Подоцна некаде околу 20 години кога имав, по користење на многу масти, креми, што од медицински аспект што од алтернативен, косата повторно ми порасна.
Неколку години немав проблем, знаеше да се јави по некое крукче без коса. Но, повторно растеше бидејќи секогаш барав лекови и користев искрено сè што ќе слушнев, само за да го спречам опаѓањето, сè до моментот после бременоста, кога почна да ми паѓа повторно и ниту еден лек кој претходно ми помагал, не успеа да го спречи паѓањето.
Па, во 2023 повторно ја изгубив, но сега заедно со веѓите и трепките.
Но, сега бев во друга фаза од мојот живот. Сега го имав син ми и некако бев веќе изморена од постојаниот стрес околу косата, стрес околу тоа што другите мислат за мене и во април 2023, еден најобичен ден, одлучив да не се кријам повеќе и да ја извадам марамата.
Перика никогаш не ставив. Не можев да го поднесам неудобното чувство и чешањето ни со марамите, а не па со перики.
Што и да се случи, марама мислам дека никогаш нема да ставам, сега кога ја знам слободата без нив.
Сè низ што поминуваме од која било природа да е, она што нè мачи, мора да помине период во кој, народски речено, „ќе го изџвакаме“ она што ни се случува, па потоа да ни биде подобро.
Затоа како растев јас како личност, така растеше и мојата самодоверба, претпоставувам.
Но, доколку можам со мојата приказна да помогнам барем на еден што сè уште се мачи, сè уште се нема прифатено, сè уште прави нешто само за да се вклопи во масата, да не го прави тоа, јас ќе бидам пресреќна.
Како што мене ми беше мотивација вашата колешка, новинарката Цеце Николова, се надевам јас да бидам мотивација на некој друг.
Немаме потреба да се криеме и да бидеме нешто што не сме само затоа што живееме во општество што тешко прифаќа различни од мнозинството, а убавината е токму во различноста.
Кога можев јас, срамежлива и интровертна, јавно да излезам со мојата приказна и да бидам инспирација, мислам дека може секој.
