Катерина Андова за битката со алопеција: „Никогаш нема да носам марами, сега кога ја знам слободата без нив“
Кој ти беше најголема поддршка во целото искуство?
Најголема поддршка ми се родителите и сестра ми, а сопругот е личноста која секогаш ми е ветер во грб.
Дали си имала ситуација кога некој те повредил со коментар? А, кој е најубавиот совет што си го добила по дијагнозата?
Искрено, сè уште имам коментари отстрана, но едноставно веќе не ме допираат. Не е сменета средината, сменета сум јас и мојот одговор кон истата.
А, најубавиот совет: „Косата не те прави повеќе или помалку вредна. Важно е тоа што го носиш во себе“.
Што би им порачала на други жени со алопеција?
Да бидат среќни и тоа да им биде единственото нешто со кое ќе се борат во животот. На толку многу лоши работи околу нас, па и не е толку лошо да сме ќелави и убави.
Да научат да се сакаат себеси такви какви што се. Доколку сакаат да носат перики и марами нека носат, но доколку им сметаат и не се чувствуваат убаво со нив, а ги носат поради другите, да ги извадат.
Да ја осетат слободата да бидеш тоа што си и да не се плашиш да го покажеш тоа. Знам колку е потиштувачки и понижувачки понекогаш кога добиваш погледи и коментари од страна и тоа нема никогаш да го смениме.
Можеме единствено да се смениме ние и да бидеме среќни што сме живи и здрави, било да е со коса или без.
Какви третмани постојат за алопеција и дали имаш пробано некој?
Од страна на медицински третмани, освен лосиони, креми и шампони, немам пробано ништо друго.
Постојат третмани со најразлични апарати за стимулација на фоликули и дури и пресадување коса, но за мене во овој момент тоа е преголем ангажман и непотребен стрес.
Предолго време се борев со сама себе, за да ја прифатам мојата состојба, па си дадов оддишка некој период да не се посветувам воопшто на косата.
Можеби некогаш би пробала, но во овој момент не.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Софија Спирова | Црнобело
