Браво за нашите млади таленти! Стефани од Гостивар, која црта со кафе, вино и низа техники, ќе ја има првата изложба
Портрети на девојки кои ја изразуваат убавината и самодовербата на жената.
Како и делата со кафе, коишто самите за себе зборуваат и изразуваат бура на емоции и љубов.

На почетоците љубовта скромно ја искажував на лист хартија, незнаејќи колку може човек да постигне доколку сака нешто и во истото внесува многу љубов и труд.
Од почеток на моето творештво, па досега имам над 200 свои лични дела, дел од нив се продадени тука и надвор од Македонија.

Исто така учествувам и во ликовни колонии во мојот град Гостивар и сум член на ликовното здружение Драудакум.
Плус, веќе по вторпат учествувам на ликовната колонија во Дебар.

Уметниците се прекрасни луѓе со големо срце, а за мене сликите претставуваат непроценливо богатство.

Инаку, апстракциите бараат употреба во склад на бои, а за да изгледа убаво една апстракција потребно е техника во склад со боите, доколку не се погоди тонирањето и боите не би изгледало убаво.
И само еднаш се изработува, а ако мислиме дека може повторно да ја изработиме – не би било возможно.

За портретите многу се битни контурите, сенките и целокупната изработка.
Кафето бара тонирање на нијанси од најтемна до најсветла и да знаеш каде да ги употребиш тоновите.

Моите планови во иднина се да продолжам да творам и моите дела да бидат претставени тука и надвор од Македонија.
Првата изложба посакував да биде претставена во мојот роден град Гостивар, а потоа планирам и во другите градови“.



С. С. | Црнобело
