Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ посакувам ваков маж“

„Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот на популарноста. И се сретнуваме во Театар за деца, јас работев таму, а он во тоа време се вработи во театарот, ама не се ни погледнувавме. Јас го загледував, уствари, а тој мене не, зашто мислел дека јас сум таква ѕвезда што ме носат на работа и ме враќаат со кола со шест врати“, се сеќава актерката на почетоците на љубовта со сопругот.

ljubovnata-prikazna-na-tanja-kochovska-i-predrag-pavlovski-me-zaprosi-vo-5-nautro-na-sekoja-zhena-i-posakuvam-vakov-mazh-01_copy.jpg

Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски на 30 септември 2025 прославија 30 години во брак. 

Во свој стил, Тања сподели фотографии на Фејсбук - Преграг со куп уловена риба и таа со инфузија во раката, за да ја одбележи годишнината.

„Интересно е што и со првиот маж сум венчана на истиот датум. И со двајцата е на 30.09 во 17 часот“, ми вели Тања.

Парот, кој важи за еден од најхармоничните на нашата јавна сцена, не секогаш го експонира својот приватен живот, но сепак ја користат секоја прилика да си бидат поддршка еден на друг, и во добро и во лошо.

ljubovnata-prikazna-na-tanja-kochovska-i-predrag-pavlovski-me-zaprosi-vo-5-nautro-na-sekoja-zhena-i-posakuvam-vakov-mazh-07_copy.jpg

За љубовната приказна со Предраг, која трае цели три децении, Тања раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

„Нашата љубовна приказна се случи многу брзо. Јас и Предраг се знаевме одамна, студиравме заедно.

Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот на популарноста.

И се сретнуваме во Театар за деца и младинци, јас работев таму тогаш, а он во тоа време се вработи во театарот, ама не се ни погледнувавме.

Јас го загледував, уствари, тој мене не, зашто мислел дека јас сум таква ѕвезда, што ме носат на работа и ме враќаат со кола со шест врати. Едноставно, не можам да му замерам, ха, ха.

ljubovnata-prikazna-na-tanja-kochovska-i-predrag-pavlovski-me-zaprosi-vo-5-nautro-na-sekoja-zhena-i-posakuvam-vakov-mazh-08_copy_copy.jpg

Се случува дента да земеме плата, одиме со колегите на ручек.

Како тие си одат, ние остануваме до 5 саат сабајле и он во 5 сабајле ме побара за жена.

Јас му реков онака ‘да’, зашто мислев, ете, имам дете, кој ќе се одлучи на брак со жена што има дете.

Меѓутоа, Предраг беше озбилен доста, седнавме на маса и се договоривме. Му велам: ‘Јас имам дете, ако ми го признаеш и го чуваш како што треба, нема никаков проблем’.

Тој ми рече: ‘Имам мајка, брат, другари што апсолутно многу ми значат’, и на тој начин се договоривме и до ден денес имаме сложен брак.

ljubovnata-prikazna-na-tanja-kochovska-i-predrag-pavlovski-me-zaprosi-vo-5-nautro-na-sekoja-zhena-i-posakuvam-vakov-mazh-05_copy.jpg

На почеток, до седмата година и се расправавме и се докажувавме, ама сега веќе нема што, после 30 години заеднички живот.

Имаме едно дете. А како татко, односно старател на Александар, не можам да се пожалам ни од него, ни од неговото семејство, тоа е нешто што ретко се случува и јас стварно ги обожавам.

ljubovnata-prikazna-na-tanja-kochovska-i-predrag-pavlovski-me-zaprosi-vo-5-nautro-na-sekoja-zhena-i-posakuvam-vakov-mazh-06_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg