Стојан од Охрид, жртва на семејно насилство: „Татко ми беше алкохоличар, мајка ми ме тепаше, немавме за леб - денес сум сопруг и татко“

Таму, на бродот, ја запознав мојата сопруга - жена од Руанда.
Судбината нè спои, два различни света се сретнаа и станаа едно.
Се преселив во Белгија. Моите не ја прифатија, дури ни мајка ми не ги запозна нашите деца.
Од нејзиното семејство, пак, добив повеќе почит и љубов отколку што некогаш сум почувствувал дома.

Тука, во Белгија системот е поинаков.
Кога жената ќе забремени, државата веднаш бара место во градинка. Нашиот син тргна на три месеци, со цена од околу 20 евра на ден, но повеќето пари подоцна се враќаат преку даноци и премии.
Ќерката ни се роди подоцна, за неа плаќавме нешто помалку - 15 евра на ден. На шест месеци почна во градинка, а од две и пол години премина во друга група.
Таму имаат поддршка, разбирање и вистинска грижа.

Со текот на годините, моите родители починаа, но таму не наследив ништо затоа што сум наивен.
Во Македонија често велеа дека сум „добар“, но сфатив - таму „добар“ значи „наивен“.
Сестра ми повторно се појави во мојот живот, а јас, поради здравствени проблеми, доживеав неуспешна операција – дијагнозата ми е мералгија парестетика (meralgia paresthetica).

Лек нема. Апчиња, болка, но и прифаќање.
И покрај сè - конечно имам мир. Цената е висока, но вреди.
Сега, повторно одам на училиште, за да се преквалификувам и да почнам ново поглавје во животот“.
Мералгија арестетика е невролошко нарушување кое се јавува кога се врши притисок или иритирање на латералниот кожен нерв на бутот (nervus cutaneus femoris lateralis). Овој нерв не контролира мускули, туку ја инервира кожата на надворешниот дел на бутот – значи, кога е под притисок, доаѓа до:
- Печење, боцкање или чувство на „жештина“ во надворешниот дел на бутот
- Онеспособувачка болка (особено кога стоиш или одиш долго)
- Губење на осет или непријатен осет при допир
- Чувство како да ти „се движи струја“ низ кожата
- Болката се влошува со долготрајно седење, стоење или со тесна облека/ремени
Оваа болест знае да биде многу непријатна и хронична. Животот со мералгија парестетика бара прилагодување, трпение и грижа за себе.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
