Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев дека е мастит“
Иако резултатите беа добри, таа интервенција ми ја одзеде и последната надеж дека можам повторно да бидам мајка.
Бев присутна физички, но отсутна од животот на моето најмало дете – го промашив неговото растење, неговите први чекори, зборови... Тоа е болка што не се заборава.

Некои пријатели исчезнаа, како да се исплашија од болеста, од болката. Но токму тогаш, ги препознав вистинските. Најмилите, најреалните... ги најдов на онкологија.
Таму, во болничките ходници, каде болката и надежта се среќаваат секој ден.
А мојата сила, мојата карпа, мојата најголема поддршка – беа мојот сопруг, децата и мојата свекрва. Таа ме гледаше како се смеам и плачам, како паѓам и повторно се кревам од пепелта, секој ден, без престан.

Денес, по две години, сум во ремисија, без траги од болеста.
Се разбира, контролите продолжуваат на секои шест месеци – некои приватно, некои на онкологија. Наскоро ме чека нов ПET скен – се надевам и се молам да биде чист, како претходните.

Сега, кога во раце ги држам моите деца, знам – заедно ќе растеме, ќе се бориме, ќе преживееме.
Моето семејство е моето „зошто“. Без нив, оваа победа не би била можна.

Сакам да порачам нешто на сите што сè уште се борат: Не се откажувајте. Патот е тежок, полн со солзи, болка и страв.
Но, секој ден е чекор поблиску до победата.

Ние сме херои – без оклоп, но со срце што не се предава.

Секој здив нека ви биде потсетник дека светот сè уште има херои“.




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
