Бранкица живее со мултипла склероза: „Преку ноќ престанав да гледам со левото око, не се откажувам иако е тешко“
Како е да се живее со мултипла склероза и како ти влијае болеста на секојдневието?
Живееш многу нормално, се трудиш едноставно да тераш нормално, има денови кога едноставно не бидува, но мораш нема откажување.
Што правиш за да не се предадеш целосно на болеста и за да останеш позитивна, да уживаш во животот? Што е твојот издувен вентил?
Јас со мојата болест станав и мајка по втор пат на една прекрасна девојка.
Секогаш гледам позитивно, се смеам и кога не бидува, помагам, односно правам торти за ранливи категории на граѓани или така речено си ја подместувам круната и врвам низ денот (хаха).

Колку е потребна поддршка од семејството и најблиските во секојдневниот живот? Кој ти е тебе најголема поддршка од моментот кога ја доби дијагнозата до денес?
Многу е потребна, јас мојата најголема поддршка ја изгубив, мојот грб ме напушти се насели на небото за жал, но тука сега ги имам моите две победи во животот, моите деца Гораст и Дина и секако мојот сопруг, кој е тука да ме држи кога е многу тешко и болно.

Има ли во Македонија многу луѓе со оваа дијагноза?
Во 2014-та сè уште беше многу табу, имаше многу малку, но денеска за жал бројот расте сè повеќе.
Што би им порачала на луѓето кои ја имаат оваа дијагноза?
Никогаш нема откажување, оваа болест боли и е тешка, но животот не е за предавање.
Секогаш бидете со голема насмевка на лицето, смејте се гласно, сакајте се себеси такви какви што сте и помагајте многу, бидете хумани, посебно за оние кои немаат.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело