Интервју со Кики, мајката од Grizzly семејството - Имаат 4 деца, 2 коња, 1 куче, а Козјак им е втор дом

Како ги научивте децата да бидат вљубеници во природата?

Ние сме вљубеници во природата и голем дел од времето го поминуваме надвор, па така ним природата им стана нешто сосема блиско.

Не сме им „објаснувале“ – едноставно ги живееме тие навики. Кога растеш во природа, автоматски ги сакаш сите активности поврзани со неа.

Родителите се пример, децата не слушаат туку гледаат, и токму затоа таа љубов за нашите е природна, ненаметната.

intervju-so-grizzly-semejstvoto-so-4-deca-2-konja-1-kuche-vljubenici-vo-prirodata-na-koi-kozjak-im-e-vtor-dom-08.jpeg

Кои ви се најголеми предизвици како семејство со 4 деца?

Најголемиот предизвик со четири деца се… четирите деца (ха-ха). А особено комбинацијата со двајца тинејџери и две бебиња – тоа е како да живееш во две различни временски зони истовремено.

Во исто време следиш саати на будност кај бебето и ситни саати за враќање од излегување на големите.

Секој со свој карактер, ритам и потреби, а важно е сите да се чувствуваат еднакво слушнати, сакани и разбрани… Балансирањето меѓу тие светови е огромен предизвик, ама и најголемата школа за трпение, организација и хумор.

intervju-so-grizzly-semejstvoto-so-4-deca-2-konja-1-kuche-vljubenici-vo-prirodata-na-koi-kozjak-im-e-vtor-dom-04.jpeg

Ваши традиции за Бадник / Божиќ…

За празниците сакаме да сме дома тоа е време кога навистина успоруваме и сме заедно.

Најомилено ни е утрото на 1-ви јануари кога разменуваме подароци, детската возбуда и чувството дека конечно започнува распустот и сите можеме малку да здивнеме.

Бадник и Божиќ секако имаат посебна магија, огнот со паричката, свечена трпеза и зимските сончеви денови во Соње ја заокружуваат таа атмосфера.

Веднаш по празниците започнуваат родендените. Јануари кај нас е вистински славенички месец.

Прво го славиме роденденот на Кицо, по една недела на Виктор, по една недела на татко ми – дедо Никола, и така целиот месец поминува во славење, семејни собири и подароци.

intervju-so-grizzly-semejstvoto-so-4-deca-2-konja-1-kuche-vljubenici-vo-prirodata-na-koi-kozjak-im-e-vtor-dom-17.jpeg

Како ви се поделени обврски околу GRIZZLY IGLOOS?

Grizzly не ни е само работа – тоа е наша заедничка страст и начин на живот. Работата знае да биде напорна, деновите долги, но чувството дека градиме нешто вистинско, нешто што стана светска туристичка дестинација, го прави сето тоа огромно задоволство.

Обврските ни се поделени, но често се вкрстуваат. Особено кога зборуваме за визијата, за искуството што сакаме луѓето да го доживеат кај нас, за „големата слика“.

Потоа доаѓа реализацијата. Тука природно се делиме: јас сум повеќе на „меките“ обврски, пред компјутер, организација, комуникација, маркетинг, планирање.

Додека Кицо е срцето на теренот – гради, создава, иновира, бутка граници на возможно и невозможно и ја претвора идејата во нешто што можеш да го допреш.

intervju-so-grizzly-semejstvoto-so-4-deca-2-konja-1-kuche-vljubenici-vo-prirodata-na-koi-kozjak-im-e-vtor-dom-09_copy.jpeg

Како ви изгледа еден работен ден, колку сте присутни таму?

Оваа работа нема работно време, не почнува и не завршува, туку трае цело време, се случува некој некого да разбуди во 3 часот ноќе за да сподели идеја или предлог.

Во мај се преселивме на Козјак, практично живеевме на работа, а тие месеци се меѓу најубавите што сме ги доживеале како семејство. Природа, работа, деца, тишина и хаос – сè во исто време.

Се симнавме од Козјак во октомври за да ја донесеме Срна на свет, а сега со нетрпение ја чекаме пролетта повторно да се спакуваме и да тргнеме во нова авантура.

Grizzly е уште едно дете во семејството – расте со нас, го растеме сите заедно, со љубов, труд и многу учење. Се надеваме дека и децата учат од примерот како е да го работиш тоа што го сакаш.

Затоа со гордост велиме дека сме вистинска Grizzly Family.

Повеќе фотографии од нив:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Виктор Настески, работи 25 години на брод: „Децата и сопругата дојдоа да ме видат - тежок е животот ... „Најтешкото во мојата кариера не е во кујната, туку во срцето, а  тоа е раз...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg