Андријана од Скопје е стјуардеса и мајка на 2 деца: „Имам трема кога семејството лета со мене, но и горда сум“
Кога семејството лета со тебе, а ти работиш
Кога семејството лета со мене, има мала трема, но и огромна гордост.
Те гледаат во професионално светло кое не го гледаат секојдневно.


Кога леташ како патник - набљудуваш ли?
Секогаш. Професионална деформација. Но со почит – знам колку е тешка работата.


Што најмногу пречи кај патниците?
Непочитување инструкции, нетрпение и игнорирање на безбедносните правила.
Тоа е нешто што најмногу го оптоварува екипажот.


Посетени дестинации
Јас сум човек што љуби да патува и приватно сум посетила многу земји, а најоддалечената воедно и најубавата дестинација во Европа ми се Азорските острови кои се наоѓаат во Португалија.
Овој вулкански архипелаг ми остави најсилен и најубав впечаток поради недопрената природа, зеленилото и уникатниот пејзаж, кој во многу нешта ме потсетува на Хавајските Острови.
Токму тие ми оставија најсилен впечаток – поради недопрената природа, мирот и автентичната атмосфера.
Тоа е место каде што секогаш би се враќала, бидејќи нуди чувство на вистинско бегство од секојдневието и совршен баланс помеѓу природа и релаксација.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело