Златко Јовановски за родното Тетово: „Тука сите се ценкаат, а зборот важи повеќе од 100 потпишани документи“
Како трето, а можеби и најважно, у моето Тетово повише се цени човечкиот збор од 100 документи потпишани.
У Скопје може вие да потпишете 100 документи, на 50 од нив ќе ви удрат печат и на крајот пак да бидете зафркнати. Кај мене у Тетово, људите са еснаф људи. Саглам.
Во моето Тетово законите функционираат подруго. Некој сеа ќе каже дека тоа не е по пропис и правила.
Но, понекогаш со колата ќе заглавиш други коли (поради итна кратка работа/обврска), и кључот ќе го дадеш на првиот човек што ќе го видиш на улица за да ја препаркира, и он ќе ти заврши работа.
Човечки исправно. Денеска јас на тебе ќе ти помогнам, утре ти на некој друг и така у круг без проблем, без притисок, а со доверба.
У моето Тетово има и ценкање. Секогаш и секаде. И ја се ценкам, и со мене се ценкаат.
Знаете како викаат: Мие тетовци и јајцата на кантар ги меримо, ха, ха.


Четврто ми се убавините на Шапка. Таму и научив да скијам.
Сите стази ги имам скијано, освен најстрманта Цирипашина. Можеби не бев доволно храбар или способен, ха, ха.
Јас би сакал Шапка да стане светска метропола за скијање затоа што ги нуди најубавите скијачки стази во светот.
Па тогаш би се развил и туризмот во Тетово, би привлекле многу туристи од целиот свет.
Во Тетово би биле сместени во хотели, а гостите да скијаат на Шапка.


Ако поминете во Тетово обавезно напијте се еспресо. Тетовските чајџилници го прават најубавото кафе.
Ама ќе ви кажам една тајна, не е до кафето, до тетовската вода е!
Иако јас живеам во Скопје, во Тетово сум скоро секој ден поради моето ателје и поради мојата фамилија.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива + Википедија