Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици: „Панталони со кошула ми е спас“
Од модни додатоци омилени ми е обетки. Секогаш имам на мене, секој ден.
Трендови многу сакам, но не по секоја цена.
А секогаш во куфер имам крема со фактор за лицето, каде и да патувам.

На сцена се случува да ми е некој костим неудобен, ама тоа во однос на материјал - да ме боцка или гребе, но затоа што така налага неговата изработка.

Во однос на косата, сум носела разни фризури и боја на коса. Од темна до светла. Тоа кај мене зависи од расположение и од моментот.
Претежно летно време сакам прамени за освежување. Благо потемнет тен и светли прамени секогаш ми се ин.
Има нешто што никогаш нема да носам, а тоа се рамни шишки, ужасно ми стојат, а и не сум тој тип.
Не се врзувам за долга или кратка коса, сè сакам, само да е убава и квалитетна косата“.

Погледнете повеќе фотографии од Анита:






