Оливер од Кичево е пица мајстор во Австралија: „Правам пици во реставрирана приколка, почетокот беше тежок“
Дали во менито имаш нешто инспирирано од македонската кујна?
Имам план во иднина можеби да додадам и македонска пастрмајлија во менито.

На што си најмногу горд досега и имаше ли момент кога сакаше да се откажеш?
Горд сум на тоа што - тоа што ми беше сон го остварив.
Имав и имам едно мото: „Ако сонуваш за нешто, разбуди се и реализирај го, немој да остане само сон“.

Имав повеќе моменти кога ми доаѓаше да се откажам, но сепак волјата и страста кон тоа што сакам да го остварам беа посилни.

Колку чини пица во Австралија и која им е омилена? Имаат ли специфичен вкус за храна?
Омилена пица колку што можам да заклучам им е Pepperoni pizza, која чини од 26 до 30 долари.

Каква е Австралија за живот и дали би сакал да дочекаш пензија таму?
Австралија е преубава за живот, нуди многу квалитетен живот, но и малку брз.

Во секој случај корените си влечат кон Македонија, така што не би сакал да дочекам пензија тука во Австралија.
Но, сепак е премногу рано да се размислува за тоа.

