Јаков Јозиновиќ за CRNOBELO: „Љубовниот живот ми е потежок откако станав популарен“

„Уште ми е неверојатно како се случи мојата популарност. Мене ќе ми беше чест да успеам само во мојата држава, но да добијам можност да настапувам од Вардар до Триглав, е привилегија, да имам 6 држави во кои можам да пеам, луѓето да ме разбираат“, вели Јаков за CRNOBELO.com.

jakov-jozinovikj-za-crnobelo-ljubovniot-zhivot-mi-e-potezhok-otkako-stanav-popularen-01_copy.jpg

Јаков Јозиновиќ го нарекуваат балкански музички феномен, зашто без ниту една авторска песна и со само 20 години успеа да распродаде 5 концерти во Белград.

Но, со причина... зашто момчето од Винковци, Хрватска, освен што има хит што го пеат сите од 7 до 77, има и енергија со која плени.

Насмеан, природен, забавен, питом (и висок), Јаков шармира со својата појава. Уште пред да го почнеме интервјуто за CRNOBELO.com, седнати во просторија од која се гледа Шар Планина, почна да прашува за највисокиот врв на планината и да кажува колку е фасциниран од природата кај нас.

jakov-jozinovikj-za-crnobelo-ljubovniot-zhivot-mi-e-potezhok-otkako-stanav-popularen-11.jpg

Во Скопје е вторпат. Првиот пат бил на само еден ден и мирно шетал низ градот, а сега веќе забележува дека луѓето го препознаваат.

И восхитен е што и тука има публика што го слуша и што сака да дојде на неговиот концерт закажан за 9 април.

А во пресрет на концертот разговаравме за кариерата, за неговата песна „Ја волим“, за девојките, но и дали и денес го има истиот телефонски број или поради популарноста мора често да го менува.

jakov-jozinovikj-za-crnobelo-ljubovniot-zhivot-mi-e-potezhok-otkako-stanav-popularen-12.jpg

Прочитајте го целото интервју:

Вторпат си во Скопје, па, како ти се допаѓа тука?

Ми се допаѓа што и во Скопје се чувствувам како да сум дома, во смисла дека сите сме свои, сите сме заедно, наши сме, сите сме еден голем мал Балкан.

Ми се допаѓа и како градот дише, ми се допаѓа што има луѓе кои многу ја ценат музиката, уметноста и сè што доаѓа со тоа.

И ми се допаѓаат салите што ги имате. Вчера бев во арената „Борис Трајковски“ и многу е супер.

Кога пред една година цела бивша Југославија го дозна твоето име, дали и во најлудите соништа можеше да помислиш дека ќе имаш концерти од Вардар до Триглав и дека публиката ќе те обожава?

Да, тоа е навистина неверојатно. Мене би би била голема чест да можам да успеам само во мојата држава, во Хрватска, тоа е супер.

Но, да добијам можност да настапувам од Вардар до Триглав, тоа е навистина шанса една во милион, и затоа сум благодарен најмногу на свет.

Тоа се 6 држави во кои јас можам да пеам, и каде што луѓето мене ме разбираат - тоа е баш привилегија.

jakov-jozinovikj-za-crnobelo-ljubovniot-zhivot-mi-e-potezhok-otkako-stanav-popularen-06.jpg

Како се чувствуваше лани кога цело родно Винковци ти дојде на концерт?

Моите винковчани доаѓаат на скоро секој мој концерт, и каде и да пеам, дознавам дека има барем неколку луѓе од Винковци на настапот.

Го ценам тоа многу. Оттаму потекнувам, тие луѓе ги сакам многу.

Па кога се појавија во огромен број на мој настап во градот, срцето ми беше полно.

Што се смени откако излезе „Ја волим“? Дали песната ти донесе и нова публика?

Мислам дека да. Јас не можам да поверувам дека и Македонците ја знаат и ја пеат.

А тоа е дефинитивно нова публика што ме слуша, и тоа публика која го цени тоа што сум го направил јас, што е мое, и тоа е најдобриот дел од сето ова што го работам.

jakov-jozinovikj-za-crnobelo-ljubovniot-zhivot-mi-e-potezhok-otkako-stanav-popularen-03.jpg

Имаш само 20 години, а те споредуваат и со Оливер и со Чола, и со Балашевиќ... Ти годи ли тоа?

Ми годи, да, затоа што јас ги обожавам многу. Но, мислам дека никој, па ни јас, не треба да биде нова верзија на Оливер или на Здравко, на Џибони, Дино Мерлин, на сите нив...

Секој од нас треба да се изгради самиот себе како музичар и потоа низ кариерата да се труди да биде најдобра верзија на себе.

Е, тоа е мојата цел во кариерата за мене.

Каква е поврзаноста меѓу политичките науки и музиката?

Никаква. Единствената е што факултетот за политички науки на кој што се запишав има смер за медиуми, новинарство и маркетинг, а тоа се работите што мене ме интересираат, па затоа и се запишав таму.

Музиката и политиката никогаш не треба да се поврзуваат.

jakov-jozinovikj-za-crnobelo-ljubovniot-zhivot-mi-e-potezhok-otkako-stanav-popularen-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава