Јаков Јозиновиќ за CRNOBELO: „Љубовниот живот ми е потежок откако станав популарен“
Трпи ли факултетот за сметка на кариерата?
Па, ескивирам малку, но тоа не значи дека нема да се вратам.
Сакам да кажам дека мојот факултет, дека студиите ми се моментално на годишен одмор, ама од годишен одмор мораш да се вратиш.
А ти се подобри ли љубовниот живот за сметка на кариерата? Дали сега повеќе девојки ти приоѓаат, пишуваат?
Ако сум искрен, љубовниот живот после ова ми е потежок, не полесен.
Луѓето мислат дека ми е најдобро и најлесно, но не е така, потешко е.
Потешко е да изградиш вистински однос. Но, не е невозможно, ако сакаш силно.

Дали си во врска, во врска без обврска, постои ли некоја што ти го украла срцето?
Не сум во врска, дури ни во врска без обврска, ха, ха. Никогаш не знаеш кога ќе се случи тоа.
Јас сум отворен за тоа и се надевам дека ќе ми се случи љубов.
Но, со ваков ритам, со мојот музички пат што го одам во моментов, мислам дека треба да се случи спонтано, затоа што јас немам време да барам девојка, љубов или врска, за жал.
Кое ти било најголемото љубовно разочарување?
Немам, ми се чини, такво.
Но би се разочарал ако некоја девојка е со мене поради моето име и популарност, а не заради тоа каков сум јас како личност.

Што си купи од првите поголеми заработени пари?
Им купив автомобил на моите родители.
За себе допрва треба да купам.
Дали те тераат да пееш и дома, на семејни собиранки?
Целата моја фамилија ја сака многу музиката, иако никој не знае баш да пее.
Па затоа да, и дома, и кога ќе се собереме со некој повод, се знае кој прв треба да почне да пее.
Имам една тетkа само што пее убаво, па ние сме задолжени за забавата.

Една работа што ти пречи откако стана популарен...?
А што би можело да ми пречи? Ништо не би смеело да ми пречи.
Јас само треба да уживам во ова. Ова што ми се случува е прекрасно, навистина не може да ми пречи.
Дали и понатаму го имаш истиот телефонски број, или често го менуваш и се криеш?
Истиот број е, да, но, тенка е линијата до мојата одлука да го сменам, зашто веќе многу луѓе го имаат и ѕвонат.
А си поставив и забрани по социјалните мрежи да можам да гледам само пораки од луѓето кои ги знам.
Така што, никогаш нема да дознаам што пишуваат девојките или што би ми кажале ако кренам слушалка.

Кој е Јаков - опиши се со неколку зборови?
Еве ме, еве кој е Јаков. Дечко кој живее за музиката.
Каде се гледаш за 5 години од сега?
Најверојатно на истото место како сега, да го работам ова што го работам во моментов.
Не би сменил апсолутно ништо, само би сакал да го правам тоа во поголем размер, со многу повеќе свои песни и со концерт во поголема сала во Скопје.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм