Астро ќоше со Ксенија Николова: „Лав сум во хороскоп, a подзнакот Девица е виновник за мојата организираност“
- Детали
- петок, 17 април 2026
„Мојот знак е Лав и во многу мои димензии го препознавам. Љубовно низ животот најмногу сум си одговарала со Девица, Близнаци, Водолија... Дури и астролог ме насочи дека со овие знаци би имала најголем потенцијал за градење приказна“, вели писателката Ксенија Николова за CRNOBELO.com.

Ксенија Николова е една од оние личности кои со задоволство сака да прочита хороскоп, па и да си направи натална карта понекогаш.
Проговоривме со неа за нејзините верувања поврзани со астрологијата.
Таа за себе вели дека е горд претставник на хороскопскиот знак Лав.
Астро ќоше со... Ксенија Николова:
Кој е твојот хороскопски знак? И дали си типичен претставник на знакот (и зошто)?
Мојот знак е Лав и во многу мои димензии го препознавам, секако, знакот во Сонцето е само едно делче од мозаикот, важна е целата слика.

Кој ти е подзнакот? И колку тој ти влијае?
Девица, знакот од каде извира мојата организираност, посветеност и дисциплина.

Дали воопшто веруваш во хороскоп, го гледаш како забава или алергичен/а си на хороскоп?
Јас гледам на астрологијата како на извор на корисни податоци и алатки што ни помагаат посвесно и помудро да навигираме низ животот.

Кои карактеристики од твојот знак ги обожаваш, а кои ги мразиш?
Не гледам на ова од таква перспектива. Автентичноста е најважна и секој ја манифестира различно.

Дали некогаш си донел/а одлука според хороскоп и каква?
Носам одлуки исклучиво според интуицијата, погледот на нештата и размислувањето, а врз тоа, секако дека има влијание сето она што јас сум, па тука природно се преточува и поставеноста на планетите кога сум се родила.

