Астро ќоше со Ксенија Николова: „Лав сум во хороскоп, a подзнакот Девица е виновник за мојата организираност“
Дали проверуваш љубовна компатибилност според хороскопски знак? Со кој знак најмногу си одговараш?
Гравитирам кон човечки знаци, односно знаци чии симболи се во човечки облик, Девица, Близнаци, Водолија... Oва ми го откри астролог, насочувајќи ме дека со овие знаци би имала најголем потенцијал за градење приказна.

Дали некогаш си престанал/а контакт со некого затоа што му бил „погрешен“ хороскопскиот знак?
Не, ние сме склоп од повеќе нешта и повеќе димензии.

Кој знак мислиш дека најмногу ти одговара како пријател (и зошто)?
Девица, затоа што живеат за вистината, директни се и лојални. Како и јас.

Ако можеше да си избереш друг хороскопски знак, кој би бил?
Не сум размислувала за тоа, ама понекогаш би сакала да ја почувствувам спонтаноста на Рибите.

Си направил/а ли некогаш натална карта? Ти се погодила ли?
Редовно правам соларна (годишна карта), тоа е дел од мојата ментална хигиена, ми помага за бистрење на умот, информирање и препознавање на потенцијалите.

Во твојот живот хороскопот е виновен за...
За ништо, сите нешта ми се на располагање, мое е што ќе направам од тоа.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
фото: Ерина Богоева
