Олгица Стојимировиќ, наша бизнис дама со впечатлив стил: „Подобро едно совршено парче, отколку десет просечни“
- Детали
- сабота, 28 март 2026
„Најскапото парче е нешто што можеби има етикета со висока цена, но емотивно највреден ми е вереничкиот прстен што го добив во декември – затоа што вредноста не е во материјалот, туку во моментот и личноста што стои зад него“, вели Олгица Стојимировиќ, бизнисменка и основач на Anti Aging Center by Promoitalia во Скопје.

Олгица Стојимировиќ, основач на Anti Aging Center by Promoitalia во Скопје за себе вели дека по професија е перфекционист, по карактер - визионер, а по душа - жена што сака убавина, патувања и силна енергија околу себе.
И кога ќе ја видите таа носи токму таква силна енергија и остава силен впечаток.
Како со самодовербата, така и со модниот стил, за кој вели дека не е слепо следење на трендови, туку минимализам и женствена моќ.
Олгица за CRNOBELO.com зборува за модниот стил, но и за своите животни навики:
Каков моден стил имаш?
Мојот стил е микс од „old money“ минимализам и женствена моќ.
Сакам чисти линии, квалитетни материјали и силуета што зборува без да вика. Не следам трендови слепо – ако нешто не ме носи мене, не го носам ни јас.

Твое модно правило?
Подобро едно совршено парче отколку десет просечни.
Кое е најскапото, а кое емотивно највредното парче што го поседуваш?
Најскапото парче е нешто што можеби има етикета со висока цена, но емотивно највреден ми е вереничкиот прстен што го добив во декември – затоа што вредноста не е во материјалот, туку во моментот и личноста што стои зад него.

Убавината е предност или пречка на поле бизнис?
Убавината е предност ако знаеш како да ја носиш со интелигенција. Ако немаш содржина, убавината е само декорација.
Во бизнис, ставот и знаењето победуваат на долги патеки.

Како го одржуваш фит изгледот?
Дисциплина. Не сум фан на екстреми, туку на конзистентност.
Комбинација од контролирана исхрана, редовна физичка активност и добра нега. Телото е инвестиција, не моментална фаза.

Твои правила за нега и убавина?
Less but better (Помалку, но подобро). Редовна нега, превенција наместо корекција и секогаш природен резултат.
Сакам да изгледам свежо, не „направено“.

Какви естетски корекции применуваш на себе?
Верувам во суптилни, интелигентни интервенции. Малку ботокс за освежување, skinboosters за квалитет на кожа – ништо што ќе ми го смени ликот, туку нешто што ќе ми го зачува.
