Олгица Стојимировиќ, наша бизнис дама со впечатлив стил: „Подобро едно совршено парче, отколку десет просечни“
Како го започнуваш и завршуваш денот?
Го започнувам со тишина и кафе. Без хаос во првите 20 минути.
Го завршувам со планирање за следниот ден и кратка пауза за себе – без разлика колку сум зафатена.

Каде обожаваш да патуваш?
Корените секогаш ме влечат кон Италија. Таму се чувствувам како дома – архитектурата, храната, естетиката… сè има душа. Италија не е само дестинација за мене, туку чувство.
Но, исто така ме привлекуваат егзотични дестинации каде што можеш да се исклучиш од светот и да се вратиш поинспириран.

Колку ти е тешко да се спакуваш?
Воопшто. Патувањето за мене е адреналин. Можам да се спакувам за 30 минути ако треба.
Имам систем – и секогаш носам повеќе чевли отколку што ми требаат.

Што си посакуваш на поле кариера за 10 години?
Во изминативе 11 години веќе изградивме регионално препознатлив бренд.
За 10 години сакам да го подигнам на уште повисоко ниво – да поставуваме стандарди, да едуцираме нова генерација доктори и да бидеме центар кон кој регионот се ориентира кога станува збор за естетска медицина.
Успехот не го мерам само со бројки, туку со влијанието што го оставаме.







