Љубовната приказна на Дариа и Мандар: „Ме освои со неговата автентичност и смисла за хумор“

„Нашата приказна започна сосема неочекувано на Инстаграм. Мандар, во негов стил, ми пиша некоја шега на едно мое Инстаграм Стори и така почна нашата комуникација. Моментално сум во шестиот месец од бременоста и чувството дека расте една мала принцезичка во мене е нешто што навистина не може да се опише со зборови“, споделува Дариа Стефановска (28) од Скопје за љубовта со Мандар.

ljubovnata-prikazna-na-daria-i-mandar-negoviot-karakter-e-nadvor-od-mojata-komfort-zona-no-bash-toa-mi-nedostasuvalo-01.jpg

Дариа Стефановска (28) од Скопје, веб и графички дизајнер, ужива во љубовта со нејзиниот свршеник Васил Мандаровски-Мандар (30), инфлуенсер и јутубер, од Скопје.

Заедно се речиси две години, а токму сега влегуваат во еден од најубавите периоди во нивните животи, очекуваат мало девојче.

Дариа е во шестиот месец од бременоста и вели дека чувството дека расте една живот во неа е нешто што навистина не може да се опише со зборови. 

Дариа ја споделува нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:

„Нашата приказна започна сосема неочекувано на Инстаграм.

Васил, во негов стил, ми пиша некоја шега на едно мое Инстаграм Стори и така почна нашата комуникација.

ljubovnata-prikazna-na-daria-i-mandar-06.jpg

Од самиот почеток почувствував дека неговиот карактер е малку надвор од мојата комфор зона.

Тој е директен, авантурист и многу отворен во комуникацијата, нешто што на почетокот ми беше необично, но токму тоа ја направи целата приказна интересна.

ljubovnata-prikazna-na-daria-i-mandar-04.jpg

Со текот на времето сфатив дека баш таков карактер ми недостасувал во животот, некој кој ќе донесе нова енергија, спонтаност и искреност.

ljubovnata-prikazna-na-daria-i-mandar-11.jpg

Нашата врска се развиваше природно и лесно, а Васил успеа да ме освои со неговата автентичност и смисла за хумор.

ljubovnata-prikazna-na-daria-i-mandar-05.jpg

И кога дојде моментот за запросување, секако дека тоа беше направено во негов стил.

Се случи во нашиот дом, на многу приватен и интимен начин, токму како што отсекогаш сум посакувала.

До кујната, каде што бев јас, пристигна мала играчка багерче со управувач, а кога застана пред мене, од него се појави/падна прстенот.

Тоа беше еден од оние моменти што ќе ги паметам засекогаш – едноставен, креативен и многу наш.

ljubovnata-prikazna-na-daria-i-mandar-08.jpg

Во нашата врска можеби јас сум малку поромантичната страна, но морам да признаам дека и Васил знае пријатно да изненади кога најмалку го очекувам.

ljubovnata-prikazna-na-daria-i-mandar-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg