Љубовната приказна на Дариа и Мандар: „Ме освои со неговата автентичност и смисла за хумор“
Заедно сме веќе скоро две години, а токму сега влегуваме во еден од најубавите периоди во нашите животи, очекуваме мало девојче.


Моментално сум во шестиот месец од бременоста и чувството дека расте една мала принцезичка во мене е нешто што навистина не може да се опише со зборови.

Нашата врска ја градиме на многу природен начин, со компромис меѓу неговите и моите желби, со многу комуникација и искреност.
Секогаш се трудиме да разговараме за сè, без разлика дали се работи за мали или големи работи, а токму таа отвореност и огромната љубов што ја делиме ни дава чувство на стабилност и сигурност.

Ако треба да издвојам што е најважно за успешен брак, би рекла дека тоа се искрената комуникација, меѓусебната поддршка и подготвеноста да се направи компромис.

Кога двајца луѓе вистински се слушаат и се почитуваат, тогаш и предизвиците се полесни, а убавите моменти уште поубави.
Љубовта не е само чувство, таа е секојдневна одлука да бидете тим.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
