Илија Циривири испиша историја на Алпите: „Спиевме на -25˚C, поминавме глечерска пукнатина, имаше бура“
Искачувањето започнува низ 120 метри превисна карпа во која има делови со мраз.
Насоката оваа година е прилично сува, па и искачувањето е потешко, бидејќи деловите во кои мора да се качува со цепини и дерези низ карпа се подолги.
Вообичаено и во тие делови има доволно мраз, па само делови од по неколку метри се сериозно потешки со оценка М6, за микс качување во карпа и мраз.

Над тие делови насоката не е повеќе превисна, па затоа има и повеќе снег и мраз во нејзе со што се олеснува и тежината при качувањето.
Во еден момент дојде невреме, бура од снег и ветер која и нè потсети дека всушност сме го искачиле и она за кое дојдовме.
Во тие услови се спуштивме со абзел (по јаже) и отстапивме со скиите до Белата Долина каде што се спојува со глечерот Жеант. Таму го поставивме логорот за вечерта и преспавме во шатор, на температура од -25 степени.

Утрото беше чисто, мирно и ладно.
Ја спакувавме целата опрема во два ранци од по триесетина килограми и скијавме до гратчето Монвер преку неколку глечери, во должина од 20km.
Кога со вовчето пристигнавме назад во Шамони заврши успешно и нашата акција.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело