„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - денес е магистер по право

Со кого најмногу се дружеше во таму, имаше ли пријатели кои се и денес тука за тебе?

Со мојата цимерка, како и со дeвојчето кое живееше преку една куќа од мене, сите три бевме од иста генерација и одевме во исто основно училиште.

Едната од нив ми беше во клас, па потоа се смени во средно - другата беше со мене во клас.

И до ден денес се дружам со нив, си одиме на гости и одржуваме близок контакт.

Една од нив веќе има оформено свое семејство, поради што навистина ми е особено мило.

Но, што најмногу ти недостигаше во тие години?

Можам да кажам дека особено многу ми фалеа баба и дедо и таа блискост која ја имав со оглед дека починаа многу набрзо откако ние дојдовме во Скопје.

Како се справуваш(е) со тешките моменти при растењето? Се прашуваше ли зошто токму тебе ти се случува тоа?

Зарем постои човек што некојпат не си го поставил тоа прашање?

Искрено, како мала не толку емотивно гледав на работите, имав среќа, а можеби самиот живот ме научил брзо да ги прифатам и добрите и лошите моменти.

Воедно чувството на сигурност на стабилност, бидејќи знаев дека секој момент има некој за мене со кого можам да кажам што како ме мачи, како ми поминал денот.

Особено мојот бесплатен психолог, мама Нате и мојата другарка.

uchev-na-svekji-vo-kontakt-sum-so-bioloshkata-majka-marija-od-pehchevo-porasna-vo-sos-detsko-selo-denes-e-magister-po-pravo-08.jpg

Дали мислиш дека растењето во СОС Детско село те направи посилна како личност, поборбена?

Апсолутно секој пад, неуспех е чекор кон успех.

Често велам дека ако не сум поминала покрај сето ова, не сум го доживеала, можеби и немало да сум таа која сум моментално.

За жал, многу од нас децата кои уште од мали години се соочиле со одредени тешки моменти во животот, загуба на блиски луѓе во својот живот, уште од деца учат како сами да опстојат и да се најдат во секојдневниот живот.

Особено предност е кога веќе ќе пораснеме, ќе се пуштиме во животот на возрасните и ќе сфатиме колку секој ден е суров.

Знам дека благодарение на сè она што ми се случило, сум сфатила кои се вистински пријатели, кои само со маска.

И како, доколку во иднина ми се случи слична ситуација, како полесно да ја пребродам, а особено тоа што ќе знам како можам барем во момент на минимално на некого да му помогнам да му ја олеснам болката.

Често велат дека живот е најбрутален учител и дефинитивно мојата храброст, истрајност и инает се дефинитивно резултат на сè она што претходно сум го поминала, бидејќи без сите нив, којзнае каде ќе бев сега.

Зошто избра правни науки? Дали професијата ја избра со цел?

Често ме прашуваат зошто токму правото. Доколку ги прашате оние што најдобро ме познаваат, веројатно ќе ви кажат дека со мојата бунтовна природа не би можеле да ме замислат во друга област.

Желбата за правото кај мене се роди уште од најмали нозе, гледајќи ги неправдите низ кои помина мојот покоен дедо.

Тогаш си дадов збор дека својата бунтовност ќе ја насочам кон нешто добро за да им помагам на оние на кои им е потребна помош и барем од една неправда да ги заштитам.

Иако во средношколските денови кај мене се појави интерес и за дефектологијата, познавајќи се себеси, знаев дека во неа нема да бидам објективна, па мојот пат сепак ме одведе кон правото.

Осбено е убаво чувството кое тлее и ден денес во мене и го гледам правото како еден вид на хумана работа.

uchev-na-svekji-vo-kontakt-sum-so-bioloshkata-majka-marija-od-pehchevo-porasna-vo-sos-detsko-selo-denes-e-magister-po-pravo-07.jpg

Колкава поддршка имаше од луѓето во СОС Детско село да го следиш својот сон да студираш право?

Потполна поддршка во секоја смисла на зборот.

Дури кога имав лош период во кој на момент размислував дали да се откажам, дали јас навистина сум родена за ова, имаше луѓе кои застанаа до мене и ми рекоа: „Имаш две опции. Прво, ако мислиш дека навистина ова веќе не го можеш, дека си пробала и не си се пронашла, тогаш откажи се, пробај можеби ќе успеш во нешто друго, но никако немој тоа да го гледаш како неуспех туку како збогатување на твоето искуство. И второ, добро размисли дали овој период е само тежок период во твојот живот, кој сите во одреден момент го имаме и дали на истиот ќе потклекнеш и ќе се откажеш од твоите соништа“.

Значи паралела на два различни, но реални ставови. И секако, претпоставувате дека вториот став кај мене преовлада и за тоа сум бескрајно благодарна.

Но не само на нив, туку и на моите пријатели кои максимално веруваат во мене.

Дополнителна поддршка беше и можноста во рамките на разни проекти организирани од СОС Детско село да учествувам на менторски активности и пракси во правна служба, стекнувајќи знаење.

Дали си горда на себе и постигнатите животни успеси, вклучувајќи ја и магистратурата?

Секако, мислам дека нема потреба да не бидам, знајќи дека на еден начин сум исполнила еден од моите детски сонови.

Нема да кажам дека беше лесно, како и секој нормален студент и јас имав тешки денови и испити, но кога имаш јасна цел, дисциплина, добра организција на своето врмее и знаеш зошто нешто правиш, сè станува многу полесно.

Титулата магистер во областа на меѓународното јавно право, меѓународни односи и правото на Европската Унија за мене има огромно значење, не само од академски аспект, туку и како лична сатисфакција.

Особено фактот дека мојата тема беше посветена на инстиутот право на азил со поглем фокус на бегалците како група на луѓе кои го уживаат ова право, а за мене се вечен пример за храброст, упорност и истрајност.

uchev-na-svekji-vo-kontakt-sum-so-bioloshkata-majka-marija-od-pehchevo-porasna-vo-sos-detsko-selo-denes-e-magister-po-pravo-06.jpg

Дали имаш денес контакт со луѓе од Детско село ? Дали можеби ги посетуваш понекогаш, им се посветуваш на помалите деца што се таму?

Да имам контакт и со СОС мајката, нејзините родители кои ги сметам како дел од моето семјство, како и со одредени едукатори од младинската куќа во која подоцна бев сместена. Често излегуваме и разговараме на разни теми.

Со оглед на тоа дека од периодот кога јас растев таму, до сега се поминати неколку генерации на деца кои веќе не ги познавам, но секој пат кога имам можност да дојдам и да ги посетам, тоа го правам.

Најчесто интеракцијата со новите деца се сведува на дружење доколку сум повикана на некоја обука, каде можам директно да им ја пренесам мојата приказна, а со постарите деца сè уште одржувам контакт.

Што би сакала луѓето подобро да разберат за деца без родители и родителска грижа или деца кои се во ризик да ја изгубат, а кој живеат во ваков вид на грижа ?

Пред сè дека сите сме исти, сите сме од крв и месо, сите имаме раце и нозе како секој друг.

Само сплет на животни околности нè довел до тука каде што сме сега.

За жал сум слушала многу разни предрасуди, дека „сме невоспитани, дрски, немирни, сигурно да биле добри немало да ги остават нивните и ред други работи“.

Но, има и мал број кои нè прифаќаат. Најважно од сè е да пристапат кон нас со емпатија и разбирање, а не со сожалување.

Доволно ни е сожалувањето сами кон себе кое го чувствуваме во одреден период во нашето детство.

Позитивни примери има од секаде, без разлика дали си без родител или живееш со биолошко семејство.

Некојпат кога ќе кажев на некој што не ме познава каде имам живеено како и во многу случаи досега, се чудеа: „Е па како, воопшто не ми изгледаш на дете растено во дом“.

Па тогаш често се насмевнував и прашував: „А како тоа изгледаат тие деца?“ и добивав одговор: „Не знам, но некако различно ги замислував“.

Или пак народната речница „каква мајка таква ќерка, каков татко таков син“, но тоа е доста погрешна перцепција.

Повеќето деца во ваква состојба да ги прашате зошто учат, зошто работат, зошто едноставно се трудат, ќе ви речат „За еден ден да не бидам како моите родители, моите деца да не го поминат тоа што јас сум го поминал/а“.

Не се ни мал број на примери на деца кои ги знам, млади кои израснале со биолошко семејство, но се прв пример за тоа како не треба. Не суди за да не ти биде судено, не ја оценувај книгата само по корицата.

uchev-na-svekji-vo-kontakt-sum-so-bioloshkata-majka-marija-od-pehchevo-porasna-vo-sos-detsko-selo-denes-e-magister-po-pravo-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Марио (21) од Битола учи факултет и има фарма во село Крклино: „Носам кози на пасење, собирам јајца ... „Живеам во Битола, но на имотот од дедо ми во село Крклино на 15 години ја започ...
Инспиративната приказна за Леон (3) од Скопје и неговите дедовци - со едниот спортува, со другиот од... Игрите со дедо се лекции за цел живот, а врската дедо-внук е нераскинлива. Леон ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава