Љубовната приказна на Мартина и Крсте од Тетово: „Ме запроси со светлечки натпис и балони во ресторан во Косово“
Но, бројот 6 очигледно има посебно значење во нашата приказна…
Родена сум на 6-ти мај, на 6-ти декември ја официјализиравме врската, а ете и запросувањето се случи на 16.06.2024 година.

Крсте ме изненади во ресторанот „The hills restaurant“ кој се наоѓа во Урошевац, Косово, во преубаво декориран простор – со светлечки натпис „Will you marry me“, црвени балони во форма на срциња, масичка со свеќи и цвеќиња… и во позадина одеше нашата песна „Perfect“ од Ед Ширан.

Сè беше како од бајка, а тој имаше организирано и целиот момент да биде снимен, за да ни остане спомен за цел живот.

Иако јас секогаш замислував нешто едноставно, тој направи да биде совршено на свој начин… и токму затоа беше уште поубаво.

Веридбата ја прославивме во кругот на најблиските. Иако првично имавме поинаков план, поради одредени причини ја направивме помала – но токму затоа беше уште поубава, поинтимна и исполнета со искрена љубов.

Сега со нетрпение го очекуваме нашето ново поглавје – свадбата во 2027 година, со верба дека сè ќе биде како што треба.

Нашата приказна започна случајно, но љубовта беше судбина“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело