Д-р Синиша е наш гинеколог во Австрија и пионер во роботска гинекологија: „Роботот овозможува прецизност која човечка рака не може да ја постигне“

Како би ја објасниле роботската хирургија? Кои се предностите на роботската хирургија?

Честа заблуда е дека роботот оперира сам. Напротив, јас сум тој што управува со секој негов милиметарски потег преку конзола.

Роботот ми овозможува подобра ергономија и неверојатна прецизност која човечката рака сама по себе не може да ја постигне.

За пациентката, ова значи помала загуба на крв, минимален ризик од инфекции, помалку болка и многу пократок болнички престој.

d-r-sinisha-trpchevki-e-pioner-vo-robotska-ginekologija-02.JPG

Дали сметате дека иднината на хирургијата е во роботиката? Дали ваквата технологија веќе се користи кај нас и колку е достапна?

Апсолутно. Роботиката повеќе не е научна фантастика, таа е стандард во развиените земји.

Иако кај нас допрва треба да се етаблира, верувам дека тоа е патот по кој мора да се движиме ако сакаме квалитетно здравство.

d-r-sinisha-trpchevki-e-pioner-vo-robotska-ginekologija-03.JPG

Вие сте и првиот Македонец со престижниот сертификат од European Society of Gynaecological Oncology. Можете ли да го опишете процесот за негово добивање – колку време се подготвувавте, како изгледа тестот?

Добивањето на престижниот сертификат од European Society of Gynaecological Oncology (ESGO) во 2023 година беше круна на мојот труд.

Тоа бараше години наназад докажано искуство во онколошки операции, а самиот тест е исклучително детален и ги покрива сите аспекти на лекувањето.

Покрај ова, посебно сум горд на сертификатите за генетски мутации кај рак на дојка и гинеколошки малигноми, како и на неодамнешното завршување на Европската академија за сенологија.

d-r-sinisha-trpchevki-e-pioner-vo-robotska-ginekologija-08.JPG

Каде ќе оди медицината во наредните неколку години, што ќе се промени најмногу според вас? Каде се гледате себеси во иднина?

Медицината се движи кон персонализиран пристап и прецизна хирургија. По мојата неодамнешна размена на АКХ во Виена (2025/2026), каде извршив над 100 операции на онколошкиот оддел, мојата експертиза е на врвно ниво.

Мојата визија е јасна: и покрај многуте понуди во Австрија, планирам да се вратам во Македонија во мојата болница „Плодност“.

Сакам моето знаење да го вложам во нашето здравство и да им овозможам на нашите пациенти третман каков што заслужуваат.

d-r-sinisha-trpchevki-e-pioner-vo-robotska-ginekologija-05.JPG

Како се справувате со тешките моменти и разговори со пациенти?

Најтешко е кога се соочувам со жени во напреднат стадиум на болеста.

Но, она што ме мотивира се новите „таргет“ терапии кои денес ни овозможуваат да најдеме шанса дури и таму каде што претходно немаше надеж.

Мојата цел е секогаш да се борам за продолжување и за подобар квалитет на животот на секоја пациентка.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Инспиративна жена: Маја Ацески - бизнисменка, мајка на 3 деца и дама со впечатлив моден стил „Кога работиш во светот на текстилот и модата, на ваков или онаков начин, неизбе...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg