Петре Мијалков, наш мото-шампион: „При пад скршив дланка и имав операција на ногата - по 4 дена отидов да возам трка“
Како се снаоѓаш во татковската улога? Што ти е најубаво, а што најстресно?
Добро се снаоѓам и немам некои посебни потешкотии.
Децата ме исполнуваат и ми даваат сила и мотивација да продолжам понатаму.
Најубаво ми е кога ќе завршам на подиум, а најстресно е стартот на трката – секогаш има трема дали сè ќе помине како што треба.

Имаш интересен моден стил... Како би го дефинирал и кое ти е омиленото парче гардероба без кое не тргнуваш на пат?
Мојот стил би го дефинирал како спортско-елегантен со карактер - практичен, но секогаш со детаљ што прави разлика.
Најважно ми е да се чувствувам удобно и самоуверено во тоа што го носам.
Омилено парче без кое не тргнувам на пат е јакна, затоа што секогаш сум во движење и сакам да бидам подготвен за сè.

Три омилени места во Штип?
Исар - заради погледот и мирот, центарот на Штип - затоа што таму секогаш има живот, и Кежовица - за опуштање и „рестарт“ после напорен ден.

Дали се гордеат штипјани со твојот успех или не сакаш да се експонираш многу?
Мислам дека штипјани се гордеат со секој успех што доаѓа од нивниот град, и тоа ми е огромна мотивација.
Јас лично не сум човек што сака многу да се експонира, повеќе сакам резултатите да зборуваат за мене.

Идни планови и најголема желба во кариерата поврзана со мото трките?
Мојата цел е чекор по чекор да напредувам на уште повисоко ниво и да се натпреварувам со најдобрите во Европа.
Во иднина сакам да имам стабилен тим и сериозна поддршка, а најголемата желба ми е да оставам траг и да донесам голем меѓународен резултат за Македонија.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
