Томица и Ристе од Богданци беа на свадба кај најдобриот другар во Кина: „Поминавме 10.000km, имаше традиции, денот ни почна во 5 наутро“
Свадбата беше на 02.05, а ние веќе на 29 април бевме таму. Тргнавме на 28 април, патот беше навистина долг, летавме од Скопје до Франкфурт, Франкфурт - Пекинг, а од Пекинг одевме со bullet train до Чангчун, воз кој се движеше со 350km на час. Враќањето беше од Пекинг до Виена и крајна дестинација Скопје.
Ни требаше малце да се прилагодиме бидејќи тие се 6 часа понапред од нас. На 8 мај се вративме.

Бевме 10 дена вкупно, а искористивме прилика за дружба и посета на многу туристички дестинации и атракции како Кинескиот зид, Forbidden city, Temple of heaven, Summer palace, стадионот Bird Nest кој беше изграден специјално за Олимписките игри во 2008, посета на национален парк во Чангчун, молови, музеј за филм и уште многу.

Пробавме разновидна храна, како и познатата Пекиншка патка, се возевме со роботи во лифт, гледавме како роботи чистат, носат достава, а најмногу бевме импресионири од тоа како нè дочекаа и колку се тие принципиелен народ.

Необично беше тоа што сите нè гледaа, ни се смеат, и сакаат сите да се сликаат со тебе, како да си некоја голема ТВ или музичка звезда. Интересна случка беше кога во маркет каде што купивме некои пецива за јадење, продавачот не ни ги даде бидејќи тој не знаел кога ние точно ќе ги јадеме, па можеле да се расипат, кај нас во Македонија тоа тешко да се случи, тоа покажува само колку напредно размислуваат.

Интересно за нас тројца е дека сме вљубеници во спортот. Јас и Александар сме навивачи на Манчестер Јунајтед од мали нозе.
Исто сите тројца одиме на утакмици на машката ракометна репрезентација. Јас и Ристе сме повеќе некако национално настроени и со нас ги носевме Кутлеш знамињата, на едното пишува и Богданци каде што се трудиме секогаш да го прикажеме и градот Богданци и Република Македонија. Меѓутоа знамињата на Кинескиот ѕид ни беа одземени и не можевме да ги истакнеме, но затоа го истакнавме дресот на РК Младост Богданци.

Организацијата за ова патување беше перфектна со голема помош од Александар и Шер, бидејќи Кина е друг свет, таму функционираат сосема други апликации.
Инаку Кинезите пијат многу жешка вода, буквално каде и да одиш ти нудат врела вода и ретко да имаат ладни пијалаци.
Кога бевме на караоке ни донесоа топло пиво, а како мезе имавме лубеница, диња, шери домати и благ сончоглед.
И покрај сè, јас и Ристе, и покрај сите потешкотии, финансиски, здравствени и слично, се „дигнавме“ 10.500km во еден правец за овој значаен момент“.

Уште неколку фотографии од свадбата:


