Успешни Македонци во светот: Лина Ѓорчева компонира филмска музика и работи со најголемите имиња во Холивуд

„Во Лос Анџелес го снимав моето ново филмско музичко дело, Spectrum со оркестарот кој свири на Оскарите, диригирав во Sony Pictures Studio, работев и на музика за 2 кратки филма. Но ми се оствари и голем детски сон - снимив авторска песна во студиото на еден од основачите на Maroon 5“, вели за CRNOBELO.com Лина Ѓорчева, која компонира, диригира, пее и гради интернационална кариера. 

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-01.jpg

Лина Ѓорчева од Скопје е композитор и вокален изведувач, а своите најголеми остварувања и музички фокус ѝ се во делот на филмската музика.

Таа компонира, диригира, пее. Магистер е по маркетинг и комуникации и медиа продуцент, кој работи на светски продукциски формати.

За себе, пак, вели дека е вљубеник во креативниот израз на живеењето и моќта на создавањето.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-03.jpg

Лина живее во Рим, а патот дотаму ја одвел преку студиите во Грац и Виена во Австрија, во Грција, аудиција Валенсија во Шпанија, членување во жири на музички фестивал, каде што била заедно со едни од првите луѓе на телевизијата RAI и познатото Radio Italia.

Taa неодамна се врати од Лос Анџелес каде што снимаше музика за филм, свое авторско дело, но сними песна и во студиото на еден од основачите на Maroon 5. 

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-14.jpg

За својата успешна кариера надвор од земјава, но и музичкиот проект кој ќе го промовира наскоро кај нас, „Мајчин јазик“, а кој сака да го остави како културно наследство за идните генерации, Лина раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Зад тебе е богата кариера во музиката во меѓународни рамки, но со многу мал фокус на домашната сцена. Зошто се насочи повеќе кон странство?

Не е намерно избегната конекцијата со домашната публика, туку експанзијата на мојата креативна енергија природно си го наоѓаше својот правец.

Фокусот кон интернационалните пазари, особено во поглед на музичката и медиа индустријата се наметна сам по себе.

По моето студирање во странство вратите сами се отвораа, а како голем космополит по дефиниција, мојата желба за проширување на хоризонтите не запираше.

Но, мојот контакт со домашниот амбиент никогаш не е во целост прекинат, а желбата да подарам креативна енергија и на домашната публика сè повеќе расте и е конкретна, и затоа е неизбежна да се оствари.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-17.jpeg

Од каде љубовта кон музиката? И колку низ годините се менуваа жанровите кои ги следиш?

Љубовта кон музиката ја чувствувам откако знам за себе и многу јасно комуницирав колку сакам музика уште како многу мала.

Имам видео снимки каде што јасно се гледа дека пеам многу поточно отколку што зборувам.

Па така, уште на 5-годишна возраст почнав да свирам виолина, потоа свирев и виолончело, за финално, пијаното да биде мој избор и како инструмент и да ми го пружи она што е моето вистинско најголемо задоволство во поглед на уметноста - а тоа е моќта на создавањето.

Почнав да компонирам уште во рана возраст и знаев дека тоа ќе го правам засекогаш, затоа што да бидам само перформер дали вокално или инструментално, не ме исполнувало никогаш доволно, како и да звучи - немав мотивација да пеам или свирам туѓи песни или дела, некако тоа ми беше некомплетна активност.

Апропо ова, имам и еден  пример од рано детство - секогаш на мојата најпрофесорка по клавир ѝ велев: „А зошто мора да свириме нешто што напишал Бах пред толку многу години? Може ли јас да свирам некоја моја песна на настап?“

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-22.jpg

Мислам дека ова е конкретен пример како сè е јасно уште во детство.

И како пример за едукација - таа воопшто не се противеше, туку заедно баравме репертоар што ми се допаѓа.  Така што, ете реално, многу е важно во животот кој нè едуцира и како.

Понaтаму во развој постојано правев некои женски бендови (времето на Spice Girls), во училиште или во маало и тоа бевме сериозни, од проби до настапи (ха, ха).

Всушност сестраниот музички талент ми овозможи истовремено да се посветам и на инструментите и на вокалното пеење.

Бев член на различни состави како хорист и солист, имав голем натпреварувачки дух, а љубовта кон вокалното и хорското пеење професионално ја крунисав со големите Олимписки остварувања со македонскиот хорски бренд „Св. Злата Мегленска“ каде бев солист и хорист во Рига, Латвија 2014 и Сочи, Русија 2016 кога ги собравме сите златни медали и добивме Гран при за најдобар хор на светот.

Во меѓувреме почнав да компонирам интензивно музика за деца, поп-музика, филмска музика, да учествувам на меѓународни фестивали, но во сè што правев, филмскиот музички израз беше препознатлив и стана мој музички идентитет.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-20.jpg

Како се станува композитор, ама не на песни од 3 минути, туку на големи музички дела за оркестар, филм, театар...?

Многу е важно да умееме да го препознаеме нашиот најавтентичен уметнички израз, да видиме каде сме најоригинални и да бидеме многу реални за нашите капацитети и вештини за да го изградиме својот идентитет како артисти.

Но, тоа е пропорционално на личниот идентитет, раст и развој. Сè е поврзано.

Уметноста е јазикот на емотивниот интелект, но пред сè е возвишена енергија и важно е како ја канализираме.

Секој композитор е креатор, но и трансмитер. Јас на пример не компонирам по ноти, кога создавам музика, пример на пијано, немам поим што свирам, едноставно излегува од мене и затоа кога треба да оркестрирам дело што бара сериозна музичка писменост (инаку не постоиш во индустријата) имам дупла работа.

Но, барем знам дека таа енергија не следела никакви правила и прописи за да постои, туку едноставно изворот е душата.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-26.jpg

Може да се случи и шетајќи во природа или во некој тотално „рандом“ сегмент од секојдневието да ми дојде мелодија или да ме разбуди од сон, а потоа правам аранжмани, најприродно филмски бидејќи тоа е моето.

И кога компонирам музика за деца, звучи филмски. Не можам тој „драж“ да го избегнам, а и нема ни зошто.

Во тој контекст еден клучен момент -кога бев на аудиција на Беркли Колеџот во Валенсија за усовршување на вокалните перформанси, каде требаше да изведам кантавторско дело, ми рекоа имаш супер вокал, но имаш изразен филмски музички идентитет и затоа ти мора да создаваш, а имаш ете среќа што можеш тоа и да го изведеш.

Навистина нема поголем комплимент со кој добиваш потврда дека си на правиот пат во некои години кога тоа ти е и потребно.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg