Успешни Македонци во светот: Лина Ѓорчева компонира филмска музика и работи со најголемите имиња во Холивуд
Всушност, мојот предуслов беше да имам интервју со Конрад, за проценка на заеднички потенцијал за соработка.
А тоа е потег што се цени, затоа што големите и реализираните луѓе немаат комплекси и сакаат кога ти знаеш кој си.
Фарса е перцепцијата дека очекуваат да им бидеш исклучиво на располагање во некоја потчинета варијанта, всушност така нема и да те доживеат.
И така всушност со Конрад ми се случи најголемата човечка и уметничка синхронизација и тоа е почетокот на една врвна соработка и моја права награда за тоа што секогаш знаев што барам.
И не дозволив никој да ме демотивира колку и да се труделе луѓе или лошо поставени системи, секогаш знаев во каков уметнички амбиент како енергија заслужувам да се најдам, да творам и да живеам.
За Конрад можам само да кажам дека е вистински благослов таква димензија од човек и уметник биде дел од твојата кариера, да те препознае и поддржува.

Спомна дека неодамна се врати од Лос Анџелес, каде што, секако, работеше на филмска музика. Раскажи ми повеќе за тоа...
Во Лос Анџелес имав можност да го снимам моето ново филмско музичко дело, Spectrum со Hollywood Symphony Orchestrа (оркестарот на Оскарите) и да диригирам на Barbara Streisand Stage во Јohn Williams building во рамки на Sony Pictures Studio.
Воедно, во прекрасниот сончев и топол Л.А., работев хибридно на музика за два кратки филмови која ја снимав во реномираното Cow on the Wall Studio во North Hollywood.

Но најважно, ми се оствари еден мој голем детски сон. Имено, имав неповторлива можност да снимам авторска песна каде се појавувам и како вокал, во The Roost Studio Џеси Кармајкл, кој е гитарист и еден од основачите на мојот најомилен бенд од детството Maroon 5.
Џеси, освен што е суперстар, e и неверојатно талентиран композитор и продуцент, но пред сè е исклучителна личност и еве летово ја продолжуваме нашата соработка и во Рим, на мој терен.

Но, пред да заминеш во Рим ќе се случи и промоција на проектот кој го реализирате заедно со Жарко Димоски, наречен „Мајчин јазик“... За што станува збор?
Со Жаре имаме комплетен уметнички и пријателски клик. Тој е еден од уметниците на нашата сцена од ова време, кој можеби и најмногу го препознавам како големина и сестраност.
И со него идејата за „Мајчин јазик“ се случи многу спонтано. Жаре освен што е одличен актер, е и поет.
Тој ја иницираше соработката, ми покажа историски текст и решивме дека преку уметност ќе создадеме национална вредност во правец на препознаен gap на национални содржини, каде што ништо доволно иновативно не се случува во ова време, освен што се оживуваат во посовремен формат генијалните Бушава Азбука, Дајте Музика и слично.
Така, решивме да создадеме т.н. Химна за македонскиот јазик, која визуелно е пропратена со силата на новите генерации, а тоа се новите технологии, одбележувајќи го јазикот како генетски код кој се пренесува од колено на колено и треба да се негува, сака, вреднува и збогатува допрва од страна на новите генерации.
Проектот има голема перспектива на која се посветуваме со многу љубов и едвај чекаме да се видиме на промоција на настан за кој деталите ќе ги објавиме во деновите што доаѓаат.

Дали жалиш што повеќе не си ангажирана дома, со нашите филмови, на пример?
Па не можам да кажам дека жалам, бидејќи на многу природен начин ми се движи кариерата во филм и медиа индустријата во меѓународни рамки.
Дополнително, моето творештво во филмската музика интензивно се случува во последните 4-5 години, но често поголемите успеси даваат слика дека е многу подолг период во прашање.
Сигурна сум дека допрва претстојат прилики каде што моите дела ќе ја збогатат нашата филмска датотека.
Од друга страна, ти си често тука... Што те враќа постојано дома?
Дома ме враќа семејството, пријателите и мирисот на домот, иако како деца мислиме дека домот има врата, а кога ќе пораснеме разбираме дека дома е чувство, а не место, барем сите ние што сме живееле на минимум две различни локации.
И Македонија е земја која има прекрасна местоположба и клима само треба да соработуваме со сите благодети и да не ги игнорираме.
Македонија има бесценети вредности, на кои ако ставиме фокус и ги разгрануваме ќе бидеме многу среќен народ.
Имаме многу работи кои треба да се поправат, некои да се променат од корен, но најмногу треба да работиме на свеста да се сакаме и почитуваме, да ја сакаме почвата, водата, воздухот, да се грижиме за сè што има пулс.
Ете токму овој мој начин на размислување и чувствување постојано ме враќа дома и тоа секогаш ќе биде така.
Никој не може да ни ја одземе енергијата и љубовта врзана за нашиот роден крај!

Меѓу Македонија, Италија и САД - каде најмногу се гледаш и пронаоѓаш себеси?
Неверојатно е дека отсекогаш покрај Македонија, секогаш Италија и САД се дестинациите на кои на долг рок сум се визуализирала себеси.
Сè останато ми било интересно да го посетам, можеби да престојувам некое време, но не и да останам долго.
Засега низ животот, успешно ги менаџирам трите локации.
Имам среќа да имам професија која не зависи комплетно од местото на живеење, можам секаде да творам и секаде да бидам ефективна и успешна, а во иднина себеси се гледам таму каде што имам најголема синергија во поглед на сите животни сегменти - професионално и приватно, па во тој контекст ќе пуштам да ме води.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
