Михаела (26) од Гевгелија е тениски судија: „Понекогаш судам и по 3 меча на ден, сум пропуштила важни настани поради турнири“

„Две недели откако се здобив со лиценца за судија, имавме турнир - не можев да верувам дека сум на терен. Сум била линиски судија на меч на Рибакина, кај Дрејпер... Неодамна се вратив од Мастерсот во Мадрид каде што играа и Синер и Сабаленка“, вели Михаела Попова за CRNOBELO.com, која од 2024 е професионален тениски судија.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-01.jpg

Михаела Попова (26) од Гевгелија, е наш тениски судија, млада девојка која полека почнува да гради кариера во „белиот спорт“.

Заврши за физиотерапевт на Медицинскиот факултет во Скопје, но љубовта кон тенисот, спорт што го тренира од својата 12 година, ја одведе во друг животен правец.

Денес, патува често, работи како линиски и главен судија на турнири низ Европа и ужива во сè она што ѝ го нуди нејзината професија.

 

А за тоа како е да се биде судија на тениски турнири, кои се најголемите недостатоци на оваа професија, но и за школата на Ролан Гарос, каде што полагала за лиценца, Михаела ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Кога почна твојата приказна, што те мотивираше да станеш тениска судијка?

Тенис почнав да играм на свои 12 години. Со постариот брат Душан (инаку мој тренер) кој тогаш виде некој талент во мене, почнавме да играме прво во нашиот двор, па на улица, и потоа ме однесе на тениските терени во Гевгелија каде почнав да тренирам.

Тоа траеше 6 години сè дури не почнав да одам на факултет, па тогаш поретко тренирав затоа што бев фокусирана на студиите.

И дури бев јас на факултет, тој дојде на неколку дена во Скопје и ми кажува дека ќе оди да полага за да биде тениски судија.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-10.jpg

Јас, нормално, не обрнав многу внимание на тоа, затоа што сакав да бидам играч, а не судија.

Брат ми почна да суди некои турнири во Скопје, и јас секаде бев со него и некако почнав да се навлекувам на судењето. Плус слушајќи разни приказни од сите судии, добив мотивација.

Така, на 1 мај 2021 година и јас положив за национален тениски судија, и тогаш започна сè.

А освен мајка ми и постарите браќа, најголема мотивација да станам тениски судија ми беа Зоки, Анета, Елена, Данче, кои денес ми се голема поддршка.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-12.jpg

Колку време ти требаше да се обучиш пред да почнеш професионално да судиш? Како изгледаат тие обуки и што е најважно?

Откако добив лиценца за тениски судија, прво започнав како линиски судија на турнири во нашата држава, но и во странство.

Мислам дека од тие турнири како линиски судија најдобро се учи, затоа што го гледаш судијата на стол како го менаџира целиот меч - од влегување на терен до комуникација со играчи, судии, собирачи на топки и завршување на натпреварот.

Потоа, во 2023-та во Скопје се одржа професионален женски турнир на кој имав шанса и јас да судам како судија на стол и сè да почне оттаму.

По неколку месеци аплицирав во училиштето за бела значка (White Badge School), а таа година се одржа во Париз, Франција.

Кога ми стигна мејл дека сум избрана да одам на тоа училиште за судии бев пресреќна, не можам да ги опишам чувствата и емоциите во тој момент.

Имав време месец и пол да се подготвам и да го научам дадениот материјал и да одам да го остварам мојот сон.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-11.jpg

Сè се случи во март 2024 година, кога сама заминав во Париз и не знаев што сè ме очекува.

Инаку, обуките траат 5 дена и вклучуваат 3 дена предавања од страна на нашите ментори, кои се судии со златна значка (Gold Badge) која е и највисоко рангираната значка во светот на тениските судии.

Потоа, имавме и практичен дел, односно судење професионален меч, а последниот ден останува за полагање тест.

На крајот следуваат резултатите, односно моментот кога си во исчекување дали си положил или не.

Најважно од сè е да се внимава на тие предавања, сè што се објаснува, затоа што тие се судии со најголеми искуства и поминале многу ситуации во тенисот. Од слушање најмногу се учи.

Исто така, многу е важно да останеш мотивиран дури и ако не положиш, затоа што секогаш имаш втора шанса и можеш да се подобриш, така што сè си доаѓа во свое време.

Најбитно е никогаш да не се откажуваме.

Моментот кога првпат влегов на терените на Ролан Гарос, затоа што таму ни беше училиштето, па сè до моментот кога ја добив белата значка токму на тие терени каде играат најголемите легенди во овој спорт, е тоа е моментот што ќе го паметам цел живот.

Измешани емоции, чувства и момент кога сонот станува реалност.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-15.jpg

Се сеќаваш ли на првиот натпревар кога излезе на терен како судија? Какво беше чувството? Кој играше?

Се сеќавам, тоа беше на терените во Југ во Скопје, професионален машки турнир.

Само што се здобив со лиценца за судија, после две недели имавме турнир.

Чувството беше неописливо, првпат ги осетив пеперутките во стомак. Возбуда, среќа, сè ми беше измешано во главата.

Не можев да верувам дека сум на терен и дека гледам тенис од место каде што играат тенисерите.

Играше Французинот Готје против Србинот Зекиќ. Бидејќи ми беше прв меч се сеќавам и на играчите.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-07.jpg

Иако си релативно нова во овој свет, си била ли судија на натпревар на некоја тениска ѕвезда?

Како линиски судија сум била на натпревар каде играше Рибакина од женските, а Дрејпер од машките тенисери.

А по ново наместо линиски судија сега имаме меч асистент.

Инаку, пред некое време се вратив од Мастерсот во Мадрид каде што играа најголемите ѕвезди во моментов како Синер, Зверев, Сабаленка, Шијонтек.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-14.jpg

Како изгледа еден твој типичен ден на турнир? На колку меча се појавуваш во текот на денот?

Секој ден почнуваме со состанок со супервизорот, ти кажува на кој меч си назначена да судиш и на кој терен.

Потоа се подготвуваме да одиме на терен, носиме сè што ни е потребно со нас за да го започнеме мечот.

Обично судиме по два меча, но некогаш знае да се случи да судиме и по три на ден.

mihaela-26-od-gevgelija-e-teniski-sudija-ponekogash-sudam-i-po-3-mecha-na-den-sum-propushtila-vazhni-nastani-poradi-turniri-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Ана Даја Гри е модна девојка од Скопје со впечатлив стил и миленик далматинец, од кој не се дели (фо... „Мојот моден стил би го опишала како елегантен, женствен и внимателно усогласен....
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава