Љубовната приказна на Жаклина (61) и Ристе (69): „Се венчавме пред 15 години, бевме на кафе, следниот ден се свршивме и отидовме на патување“
Два дена по тој чин започна нашето прво патување.
На 21.11.2011 година склучивме граѓански брак на денот на славата на нашите две семејства св. Архангел Михаил (судбина, случајност или нешто е некаде запишано).
Свадба направивме на 19.05.2012 година со 230 гости во хотел Изгрев во Штип.

Патувањата се нашиот живот и ќе бидат се додека нè служи здравјето.
Кај двајцата желбата за патување е преголема. Двајцата го делиме мислењето дека од седење дома нема спомени.

Сè е минливо во животот и затоа во рамките на своите можности секој слободен миг го користиме за патување.
Патуваме со туристички агенции најчесто, но и сами.

Европа можеме да кажеме дека е наш омилен континент за патување.
Од неа останаа непосетени Балтичките земји кои летово ќе ги видиме (турата е резервирана и платена), како и Велика Британија, Велс и Шкотска, тура која ја оставивме за 2027 година како подарок за моето пензионирање.

Но, сме биле и во Русија, Украина, Молдавија, Израел, Турција, Египет, дел од Афричките земји.

Балканот наш ни е најсакан и најомилен и секако нашата убава Македонија.
Кога нешто се сака, ништо не е тешко, напротив за нас е задоволство.

Имаме желба да ги посетиме и Северна и Јужна Америка, Кина, Јапонија и Кореја.
