Љубовната приказна на Мила и Методи од Скопје: „Нè поврзаа многу одиграни партии билјард и изедени бургери, ми се допаѓа што работи со животни“
Еден од моментите што секогаш ќе го паметам е нашето прво заедничко патување. Тогаш научивме многу работи еден за друг и уште повеќе се зближивме.

На прашањето: ‘Кој е поромантичен - јас или тој?’, ќе кажам, нормално, дека сум јас поромантична.
Но, искрено, и двајцата сме романтични, секој на свој начин.

Тој секогаш како најромантичен момент го раскажува периодот кога имаше повредена нога, а јас со денови се грижев за него и бев покрај него во секој момент.

Од друга страна, најромантичното нешто што тој го направил за мене е тоа што бил присутен на сите мои ревии и најголеми успеси, секогаш како моја најголема поддршка.

Најмногу нè поврзува тоа што сакаме да правиме исти работи. И двајцата уживаме во спортски активности, откривање нови градови и интересни места, а голема љубов ни е и модата.

Дополнително, и двајцата се занимаваме со снимање реклами, што уште повеќе нè поврзува. И, секако, морам да напоменам дека најмногу уживаме во добра храна“.




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело