Љубовната приказна на Мила и Методи од Скопје: „Нè поврзаа многу одиграни партии билјард и изедени бургери, ми се допаѓа што работи со животни“
- Детали
- понеделник, 13 јули 2026
Мила Велевска (26) е маркетер и модел, а Методи Пендаровски (28) е грумер на миленици. Мила ја споделува нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com… „Методи вели дека сме си го кажале првото „здраво“ во диско, иако јас тоа воопшто не го паметам. Кога дознав дека работи со животни и дека чува куче, ме освои навистина“.

Мила Велевска (26) и Методи Пендаровски (28) од Скопје се во врска 2 ипол години, но ги поврзуваат многу работи, меѓу кои и страста за патувања.
Мила работи во областа на маркетингот и активно се занимава со моделинг, a Методи работи како грумер на миленици, а во слободното време се занимава со снимање реклами.

Tие веќе неколку години уживаат во љубовта, а споделуваат многу заеднички интереси, како љубов кон патувањата, спортот, модата и добрата храна.

Мила ја споделува нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:
„Нашата приказна, според Методи, започнала уште многу одамна во една скопска дискотека каде што јас работев како хостеса.
Наводно, токму таму сме си го кажале првото „здраво“, иако јас тоа воопшто не го паметам.

Јас, пак, првпат го забележав кога одев на фризер, а сосема случајно се покажа дека салонот се наоѓал во неговата зграда.

Подоцна забележав дека се следиме на Инстаграм и решив јас да го направам првиот чекор.

Почетоците на нашата врска беа исполнети со многу испиени пијалаци, одиграни партии билјард и изедени бургери. Тогаш сфативме дека имаме многу заеднички интереси и хобија.

Искрено, ме освои со многу работи, но една од нив што би ја издвоила е неговата љубов кон животните.


Кога дознав дека работи со животни и дека чува куче, тоа беше само дополнителен плус.