Горан Алексов, инструктор за управување со дронови: „Бев на обука во Израел преку специјалните единици на АРМ, сè започна оттаму“

Најчеста почетничка грешка е...
Најчеста почетничка грешка е да го вклучите дронот и, онака горди, веднаш да направите старт без да постигнете соодветна висина, при што настануваат проблеми како контакт со луѓе, дрвја, објекти и слично.
Затоа постапката пред лет, за време на летот и по летот мора строго да се почитува.

Македонија ги користи европските регулативи како и секоја земја членка на Европската Унија, кои се строги и мора да се почитуваат.
Густината на сообраќајот со дронови е сè поголема и затоа треба повеќе внимание и контрола од страна на инспекторите од АЦВ и МВР.

Нудиме повеќе видови обуки во зависност од потребите на кандидатот: основна, напредна (термални дронови), специјализирана (Agras дронови) и обука еден на еден.
Кај нас може да се добие теоретска обука, практична обука со наши дронови, онлајн полагање и сертификација.
Вршиме подготовка за А2 и STS пред полагање. Новитет е изработка по барање на клиентот на FPV дронови и обука за FPV дронови кои достигнуваат големи брзини.

Најважно од сè е кандидатот да помине цел ден практична обука и да користи различни типови дронови.
Сепак, практиката е многу поважен фактор од теоретскиот дел кога се гледа од безбедносен аспект.

Кои предели во Македонија ти се омилени за снимање?
Во слободно време сакам да доловам предели кои Македонија ги нуди, а ги има премногу и не секој може да ги види од птичја перспектива.
Омилени места ми се шумските предели и недопрената природа.

Апел до сите дронџии...
Летајте, почитувајте ги регулативите и законските рамки на Република Македонија, регистрирајте се како оператор, најавувајте го вашиот лет и осигурајте го вашиот дрон (над 500 грама во Македонија).
Инаку, ве покануваме во DroneInspect, со канцеларија лоцирана во Велес, и бидете дел од овластен тренинг центар за обука и едукација на пилоти на дронови.
