Рита Ора за CRNOBELO: „Понекогаш размислувам каков би ми бил животот да останев на Балканот, а сопругот секој ден успева да ме насмее“
А она што најмногу го сакам кај него е тоа што секој ден успева да ме насмее.
Навистина е прекрасно што покрај себе имам личност која ме поддржува, ме инспирира и секогаш ме потсетува дека треба да се смеам, без разлика на работите што ми се случуваат.

Доколку денес некој снима документарен филм за твојот живот и кариера, кој дел мислиш дека најмногу би ги изненадил луѓето?
Веројатно сè што се случува зад сцената.
Луѓето ги гледаат настапите и гламурозните моменти, но ретко ги гледаат подготовката, вложениот труд и истрајноста што се потребни за да се изгради кариера која трае толку долго.
Зад сета таа забава стојат многу дисциплина, посветеност и напорна работа.

Кога би имала цела година без никаков распоред на активности, без камери и без какви било обврски, искрено, како би сакала да ти помине таа година? На што би го посветила своето време?
Веројатно би патувала помалку, затоа што голем дел од мојот живот е исполнет со патувања поради работата.
Би сакала да го забавам темпото и да поминувам што е можно повеќе време со сопругот, семејството и пријателите.
Секогаш читам некоја книга иако немам многу време за тоа, па сигурно би читала многу повеќе.

Би продолжила и редовно да вежбам, бидејќи тоа е многу важно и за мојот ум и за телото.
Но, би сакала да учам нови работи.
Во моментов учам да свирам усна хармоника и навистина уживам во чувството повторно да бидам почетник во нешто и да се предизвикувам себеси на сосема поинаков начин.

Неодамна изјави дека во оваа фаза од животот се чувствуваш многу посигурно и постабилно отколку во своите дваесетти години. Што се промени кај тебе приватно (а не професионално) за да стигнеш до тоа чувство?
Мислам дека научив да бидам многу поблага кон себе.
Во дваесеттите години имав чувство дека морам постојано да се докажувам, додека денес се чувствувам многу поудобно во сопствената кожа.
Научив и дека не можам да контролирам сè, а токму тоа сознание ми донесе големо чувство на слобода.

Дали си забавна личност во приватниот живот? Каква е Рита Ора кога е дома?
Кога сум дома, сум прилично опуштена, и обожавам пријателите и семејството да ми се на гости.
Речиси секогаш има музика, подготвуваме коктели и танцуваме многу низ кујната.

Концертот на Рита Ора во Охрид е во организација на „Прагма продукција“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело