„Како се вљубив во Македонка?“ - Момци од други земји ни откриваат какви партнерки се Македонките

Секоја жена е убава на свој начин, а нејзиниот лик е олицетворение на нејзината душа. Некои жени се нежни и кревки, бараат постојана заштита од својот сакан, други пак цврсто стојат и гордо ја бранат својата независнот. Некои сакаат авантури и брзи врски за една ноќ, а оние другите, со романтични души веруваат во љубов на поглед со среќен, бајковит крај.

brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-01.jpg

Секоја жена е писател на својата приказна, некоја е авантурстична, друга драматична, трета е романтична... Како партнерки жените можат да бидат најдобри пријателки, но и најголеми душмани, некои се толерантни, а други љубоморни.

Зависно од кој крај на светот доаѓа жената има свои квалитети и карактерстични особини. Велат дека Филипинките и Русинките се најдобри сопруги, максимално посветени на сопругот, послушни и вредни, додека пак Бразилките се атрактивни и слободоумни. За Италијанките пак велат дека се роматични со афинитети за добро вино и вкусни тестенини, а во северноевропските земји жените се вистинки снежни кралици, без многу романтики, но доволно елегантни и природни.

Нашите северни сосетки, Србинките важат за храби жени и самоуверени партнерки, а за да откриеме какви се Македонките како сопруги и партнерки разговаравме со неколку странци кои за свој животен сопатник одбрале наши сонароднички.

Патрик од Полска: „Ангела ме освои со пиво и пица“

Патрик Густовски од Полска ни раскажува за својата свршеница, Ангела Николовска од Скопје, која сосема случајно ја запознал во Виена на забава. Вели дека таа ноќ останале до раните утрински часови разговарајќи во парк.

Тие се во врска веќе шест години, а пред две години таа ја прифатила неговата понуда за брак.

brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-02.jpg

За саканата Ангела Патрик вели: „На почетокот ми пречеше нејзиното гласно зборување по телефон, но по шест години јас сум веќе 35 проценти поглув, и едноставно е совршено“, вели тој смеејќи се.


brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-04.jpg

„Таа има динамичен темперамент и силен карактер, што ја прават одличен партнер. Понекогаш е љубоморна, но никогаш не ги преминала границите и да се однесува нерационално“ вели тој за својата Македонка за која додава дека е романтична, топла и нежна личност.

На прашањето која е разликата меѓу неговите сонароднички и Македонките тој одговара дека според менталитетот се многу слични, но нашите сонароднички се генерално поснобови, додека Полјкињите подоминантни од тоа што го видел и чул.

Напомена исто дека и двете националности сакаат да се облекуваат фенси кога излегуваат, а за разлика од Австријките во Виена , кои преферираат удобен и кежуал стил.

brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-03.jpg

Кога го прашавме како Ангела го освоила неговото срце, тој вели „кога се запознавме, таа буквално ме нахрани со пица и пиво, и тогаш знаев дека таа е правата за мене“.

На овој млад Полјак му се допаѓа сѐ што е македонско, од прекрасните планини и езерата до храната и виното, а како омилени ги издвојува симит погачата и домашниот ајвар.

Екхард од Јужноафриканската Република: „Македонските жени се силни и тврдоглави“

Јужноафриканецот Екхард ван Скалквејк пред осум години своето срце ѝ го подари на Македонката со хрватско потекло, Ајрина Шариќ. Се запознале додека работеле во иста компанија во Јужна Африка, а краток период живееле во Скопје, каде тој, се сеќава, за прв пат видел снег и почувствувал температури под нулата.

Во последниве четири години ирската престолнина е нивен дом, каде во 2019 година го кажаа судбоносното да.

brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-06.jpg

„Македонските жени се силни и тврдоглави, но искрени и грижливи. Имаат краток темперамент, со акцент на краток, нивната лутина никогаш не трае долго“, вели тој кој додава дека убавината на неговата сопруга ја гледа во начинот на кој таа ја искажува својата љубов, со акти на грижа и љубезност.

Вели дека истите овие силни карактеристики кои ги има неговата сопруга ги видел и кај нејзината мајка и тетки додека престојувале во Скопје.

brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-05.jpg

Екхард вели дека од македонските традиции најмногу му се допаѓаат обичаите за Божиќ и Велигден и дека секојдневно учи нови работи за Македонија.

brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-08.jpg

„Јас сум поблизок со моето семејство и повеќе ги ценам семејните вредности откако сум со Ајрина и видов како таа го цени и почитува своето семејство“ – вели 28-годишниот Јужноафриканец.

brazilec-juznoafrikanec-i-poljak-ni-raskazuvaat-kakvi-partnerki-se-makedonkite-07.jpg

Уште 2 љубовни приказни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...

Најчитани неделава