Тијана Мишевска работи за National Geographic во Дубаи: „Тука секогаш си гостин, а никогаш државјанин“

Како се навикна на животот во Дубаи? 

Животот во Дубаи е прекрасен и мислам дека не може да се спореди со ниту едно друго место во светот според начин на живот (иако не сум била секаде во светот).

На почетокот ми беше многу тешко бидејќи не можев да сфатам како функционираат тука луѓето и не можев да се вклопам во системот.

Со текот на времето сè повеќе се навикнувам на животот тука и станувам зависна од тоа да бидам овде. Најмногу поради многуте можности за развој во кариерата, што за мене е број еден приоритет.

Што најмногу ти се допаѓа таму, а што најмалку? 

Некои од работите што ми се допаѓаат се безбројните опции во однос на ресторани и различни кујни, културен развој, ноќен живот, безброј активности и, пред сè, географската позиција на Дубаи.

Откако стануваш резидент, ќе почнеш со патување во околните азиски острови и земји и сè е толку блиску, слично како што од Скопје за 3 часа се стигнува каде било во Европа.

Не ми се допаѓа неконзистентноста во Дубаи во поглед на пријателства и работа, бидејќи е транзитно место и луѓето не остануваат овде долго и тоа е многу непредвидливо.

Секогаш гостин (статус резидент, но никогаш државјанин) - што значи најубаво е да дојдеш со куфер и кога ќе посакаш да се преселиш, исто така да си одиш само со куфер.

Ти недостасува ли таму нешто од Македонија и што?

Во текот на сите овие години, создадов толку многу пријателства и секоја година се менуваат.

Јас не сум тип којшто се потпира на површни пријателства, па така моите семејство и пријатели од Македонија се нешто што би сакала да можам да го понесам со себе. Многу ми недостигаат. И Охридското Езеро, да…

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-11.jpg

Колку е скап животот во Дубаи?

Животот во Дубаи е доста скап и стандардот е висок. Просечна кирија за еднособен стан се движи меѓу 1.000-2.000 евра месечно (во зависност од локацијата). Ручек за двајца во добар ресторан чини околу 70 евра, а за кафето почетна цена е 5-6 евра.

Овде има супермаркет кој продава прехрамбени производи, зеленчук и овошје, па и електротехника, мобилни телефони и куќни апарати каде цените се малку подобри за разлика од другите, но би рекла дека цена на основни производи за една недела чинат приближно 100 евра.

Метрото е најпопуларниот јавен превоз кој е автоматски и нема возач. Тоа е над земјата и ги поврзува двете страни на Дубаи.

Интересен факт: Не е дозволено да се пие, јаде или џвака мастика внатре. Премногу е чисто, сè е неверојатно добро одржано.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-06.jpg

Како те прифаќаат локалците? Колку се дружељубиви? Си се нашла ли во непријатна ситуација?

Локалците имаат свои места каде се дружат меѓусебно и одредени ресторани каде најчесто излегуваат. Многу мирољубив народ се, доста праведни и толерантни со сите.

Не можам да се сетам дека сум имала непријатна ситуација, но морам да признаам дека ги почитувам правилата.

Немам пријатели локалци искрено, не сум дошла да запознаам некој бидејќи тие најмногу се дружат меѓу себе и не сум дошла во ситуација да запознаам некој оттука.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-07.jpg

Дали во Дубаи Македонците се знаат меѓусебно и се дружат како што е случајот во европските земји?

Македонци сме многу малку на број во споредба со Србите коишто ги има секаде и во секоја индустрија.

На почетокот кога дојдов тука бевме голема група Македонци кои заедно работевме во хотелската индустрија. Меѓутоа, со тек на време, некои се вратија во Македонија, а останатите изгубивме контакт поради разликите во индустриите во коишто работиме.

Имам другарка од Скопје со која интензивно се дружам и таа ми остана од хотелските денови и многу ми е мило што е така.

Македонците се доста специфични надвор од Македонија и многу ретко да се најдат, поготово во Емиратите.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-08.jpg

Кои ти се плановите за иднина? Би останала ли да работиш и живееш таму? Дали размислуваш за враќање во Македонија?

Плановите за блиска иднина ми се Емиратите, конкретно Дубаи. Јас го сакам животот тука и доста сум усогласена и многу тешка ќе ми биде одлуката да треба да се преселам на друго место.

Во моментов сум фокусирана на мојата кариера и сите планови се тесно поврзани со тоа. Во еден момент во иднина сакам да се запишам на магистерски студии, но засега сакам да патувам, да го запознаам целосно овој дел од светот и сите острови овде.

Посетувам теретана неколкупати во неделата, во слободно време сурфам кога времето е добро, одам на нуркање (имам сертификат за истото) и обожавам да откривам нови ресторани и сум голем гурман. Омилени ми се јапонската и либанската кујна.

Македонија ми е во срцето бидејќи семејството и пријателите ми се таму и секако дека би се вратила со одредена идеја или поради лични потреба или интереси.

Омилени градови ми се Скопје и Охрид, каде впрочем имам најмногу пријатели и секојпат кога доаѓам сум пресреќна кога се дружиме. Најголем дел од времето поминувам со моето семејство.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-09.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg