Трајче Китановски: „Чувам птица грабливка - јастребот Хари го хранам со месо и постојано сме на кејот на Вардар“

„Хари го имам 3 години, колку и што е стар, го земав од 3-месечна возраст. Јастребот е диво животно и можни се повреди од гребнатини, па сè до ампутација на прст, рака или да останеме без око токму затоа и напоменувам дека не е ова шега, ниту играчка и мораме да влеземе во сево ова спремни со знаење, а потоа од ден во ден ќе си дојде и искуството кое е неминовно“, раскажува Трајче Китановски (32) за CRNOBELO.com.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-01.jpg

Трајче Китановски (32) од Скопје е долгогодишен македонски интернационален соколар. Осум години се занимава со соколарство и е еден од ретките професионални соколари во државава.

Вели дека долги години се обидува да го издигне соколарството на ниво на професија во Македонија и засега работите одат во нагорна линија и открива дека можеби е и единствениот кој кај нас заработува од соколарството и дека е вистинска среќа кога го работиш тоа што го сакаш.

Инаку бил долгогодишен фудбалски голман (19 години), а сега заедно со другар има негова фудбалска школа која се вика Хет Трик и е лиценциран УЕФА тренер.

Трајче денот не може да си го замисли без неговиот јастреб Хари и за тоа како го чува и нивните навики од секојдневието открива за CRNOBELO.com:

Како се одлучи за јастреб како миленик и колку време го имаш Хари?

Откако го засакав соколарството и дознав дека постои нешто вакво и во нашата Македонија многу истражував, читав книги и гледав филмови, се дружев со искусни соколари од кои научив многу работи, па на овој начин ги научив карактеристиките на птиците грабливки.

Не ми требаше долго за да сфатам дека токму јастребот е за мене, знаејќи дека лови во заседа скриен во некоја крошна на дрво или грмушка, исклучително паметна брза птица, а истовремено нескротлива и луда... Си реков, па оваа птица како да ме опишува мене. Хари го имам 3 години, колку и што е стар, го земав од 3 месечна возраст.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-07.jpg

Каков е Хари карактерно?

Хари импонира со својата лукавост. Можам да кажам дека ако нешто мрази тоа се кучиња, додека пак моето куче едноставно не го ни забележува и не реагира на начин на кој што реагира кога обично ќе види куче.

Страшен ловец, една од најдобрите птици на Балканот, никогаш не се пушта на плен по секоја цена. Секојпат си ги знае сопствените можности и ја проценува дадената ситуација дали може да го улови тој плен или не.

Доколку процени дека не може, тогаш не се ни пушта, туку ќе ја чека следната своја шанса штедејќи си ги силите за истата.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-08.jpg

Со што го храниш?

Ова е интересно прашање, често пати луѓето ми го поставуваат. Се храниме исклучиво со месо, а и не само Хари, туку општо птиците грабливки во глобала јадат само месо.

Еднаш на кејот на Вардар каде и што сме најчесто една жена јадеше сендвич, јас од Хари бев одалечен околу 500 метри, доволно колку да не можам да видам што и е намерата и да ја спречам во истата.

Скина лепче од својот сендвич, чинам пола сендвич и му го фрли на Хари, а тој нормално гледаше зачудено. Кога дојдов и кажав дека иако намерата и беше најдобра, но Хари не јаде леб.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-20.jpg

Како реагира кога не си дома?

Не е да се распрашува каде сум и кога ќе дојдам. Можам да кажам каков е штом си дојдам и ме здогледа - како да се раѓа одново.

Едноставно, тој мене ме гледа како родител и партнер и знае дека кога ќе дојдам одиме да летаме и е многу нестрплив. Дури знае кога го отворам фрижидерот за него да сечам месо за летање, е тогаш е посебно интересен и небаре пее како биљбиљ. Испушта таков звук, издолжувајќи си го вратот, обидувајќи се да го види месото кое го сечам за него.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-16.jpg

Какво живеалиште има Хари? Какви услови се потребни за да се чува јастреб?

Хари ги има сите услови за еден јастреб. Летно време живее во соколарник, а зимно време на соколарски сталак. Тоа впрочем и се примарните услови каде можеме да чуваме птица грабливка.

Морам да напоменам дека не е потребно само услови за да би чувале грабливка.

Најпрво потребно е големо знаење и понавање за птиците грабливки општо, а потоа и за птицата која ја имате или сакате да ја набавите.

Потоа доаѓа соколарската опрема која морате да ја набавите, а тоа е соколарска ракавица, соколарска вага, каишки, алмери, надоврсток, осмица или врталка, капа. Основата е ова, а потоа има и останата опрема.

Е, откако ќе набавите соколарска опрема и веќе имате знаење и сте спремни да чувате птица грабливка на крај доаѓаат услови за птицата, живеалиште и сосема на самиот крај птица.

Многу луѓе кои почнале со соколарство од обратен редослед, прво птица, а потоа сè друго на жалост не им траело долго таа авантура. Или птицата им побегнала или угинала.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-29.jpg

Те повредил ли некогаш? Што треба да се знае кога се зема јастреб за миленик? Какви повреди се можни?

Грабливките претежно (во зависност од тоа што птица чувате, како и секако од полот на истата) знаат да го повредат соколарот на самиот почеток уште во фазата на тренинг – социјализација или и претходно, тренинг – послушност секако доколку тој не внимава.

Никогаш не е виновна птицата, таа ни дава знаци, но ние доколку не знаеме тие да ги забележиме секако дека за повредите сме си виновни самите ние. Хари не ме има повредено, затоа што на самиот почеток бев крајно внимателен со него и се однесував со голема почит, но никогаш не сум му дал на знаење дека тој е шефот и ја води играта.

Младите соколари, пред да земат птица, најнапред треба да ги поминат фазите и скалилата кои ги наброив претходно, потоа да почнат со најлесната птица за работа во соколарството, а тоа е јастреб глувчар или латински Buteo Buteo од причина заради тоа што оваа птица знае да прости и наши „грешки”, што не е случај со останатите птици.

Јастребот не може да биде миленик и не би требало да го третираме така, тој е диво животно кое лови во координација со нас и ловечкото куче што е препорачливо соколарот да го поседува.

Никако не смее да се краде птици грабливки од нивното гнездо што е забрането со закон, доколку сакаме да чуваме грабливка најнапред прво треба да станеме соколар и да ги поминеме сите тие скалила за да потоа кога ќе купиме птица што мора да е од регистрирана одгледувачница бидеме спремни и немаме никаков проблем и нејаснотии при чување на истата.

Можни се повреди од гребнатини, па сè до ампутација на прст, рака или да останеме без око токму затоа и напоменувам дека не е ова шега, ниту играчка и мораме да влеземе во сево ова спремни со знаење, а потоа од ден во ден ќе си дојде и искуството кое е неминовно.

За сите тие повреди не е виновна птицата туку самите ние, или сме и пришле на птицата на неправилен начин или невнимателно, таа секако нè предупредила, а ние сме занемариле или не сме знаеле тоа да го увидиме и секако дека повреда ќе има.

Пред 8 години на моите почетоци повреди имав и јас не од друго, туку од неискуство, колку и да знаеш и си научил сè додека немаш птица може само да мислиш дека знаеш, а потоа самата птица ќе те научи на сè што ти е потребно за нејзе.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-38.jpg

Се плашат ли луѓето од него?

Луѓето хмм, па зависи, не можам да генерализирам. Реакциите се од пријатни до непријатни.

Има луѓе кои сами ми приоѓаат со интересни прашања и побарувања дури да го погалат Хари на што искрено избегнувам од причина што птица грабливка не е за галење, да мене ми дозволува и многу повеќе од галење, но како што кажав мене ме гледа на посебен начин.

Мене ме доживува како јастреб од неговиот вид и не ме гледа како човек и затоа и ми дозволува многу работи и има доверба во мене. Ние исто така и комуницираме, буквално знам што мисли и што му треба во дадениот момент, а исто и тој знае што мислам дека треба да направи и барам од него.

Ова се забележува и на самите фотосесии или кога снимаме разноразни музички спотови.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-27.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Симона Петреска, мотиватор и животен тренер: „На минатото треба да гледаме како на учител, а во живо... „Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа прис...
Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и по... „Секогаш велам дека во животот повеќе сум гладна отколку сита. Од кога паметам з...
Јутјуберот Стефонатор за егзотичните миленици: „Чувам аксолотли, се хранат со замрзнати ларви и бели... „Аксолотлите можат најбрзо да ги регенерираат екстремитетите, побрзо од кое било...
Александар Белов за татковството: „На ќерка ми ѝ читам приказни навечер, ја хранам и ја преоблекувам... „Се сеќавам еден ден почнав да ја заспивам ќерката, но сум заспал пред неа. ...
„Мој омилен десерт е 'фореста нера' со пенливо розе“: Интервју со еден од најдобрите слаткари на све... Тој е еден од најдобрите слаткари во светот. Маестро Федерико Анцелоти неодамна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg