Симона Петреска, мотиватор и животен тренер: „На минатото треба да гледаме како на учител, а во животот да негуваме само убави мисли“

„Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа присутни во мојот живот. Но, тогаш се запрашав: ‘Симона, дали си среќна? Како ќе гледаш на сегашниот живот за 5 години од сега? Дали знаеш што сакаш?’. Со одговор на овие прашања сфатив дека животот се случува сега и тука и дека овој момент е моментот кога го земам животот во свои раце. Тоа беше најправилната одлука“, вели Симона Петреска во интервју за CRNOBELO.com.

simona-petreska-motivator-i-zivoten-trener-prifakanjeto-na-sebesi-znaci-da-se-bide-brutalno-iskren-i-cesen-kon-sebe-01.jpg

Симона Петреска е автор, мотиватор и животен тренер. Taa преку својата работа сака да ги инспирира луѓето и да им посочи како со сигурност да зачекорат во животот.

Нејзината животна филозофија е комбинација од личното искуство, книгите на Џо Диспенца, Нил Доналд Волш, Лујза Хеј и Наполеон Хил, но и перспективата и размислувањето на Никола Тесла.

Во продолжение следува разговор со Симона која ни открива што значи човекот да се прифати себеси, како да се достигне животна хармонија во ова бурно време и колку е важно секојдневно да сме благодарни:

„Радоста на постоењето“ е твојата прва книга каде ги имаш споено јазикот на умот и јазикот на емоциите. Каков е јазикот со кој говори сечија душа?

Со самото раѓање секој човек се раѓа со душа во која е вдахната Божјата благодат.

Душата е полна со љубов, радост, добрина и мир. Но, со влијанието на околината, почнувајќи од влијанието на фамилијата, пријателите, образованието, медиумите, сета првична состојба на душата се менува, се губат тие благодатни состојби.

Бидејќи душата не може да остане празна, ако во неа се губи љубовта, на нејзино место се раѓа стравот; ако се губи радоста, на нејзино место се раѓаат немирот и грижата; ако се губи добрината, на нејзино место се раѓаат зависта, љубомората, омразата; ако се изгуби мирот во душата, на негово место се раѓа немирот, очајот и тагата.

Затоа по секоја цена, без разлика на надворешните околности, не треба да дозволиме да го изгубиме тоа богатство кое се наоѓа во нашата душа која ни е дадена како подарок од Бог.

simona petreska motivator i zivoten trener prifakanjeto na sebesi znaci da se bide brutalno iskren i cesen kon sebe 5

Сите донесуваме погрешни одлуки во животот. Што е она што би сакала да го промениш во животот ако ти се даде втора шанса одново да се проживеат годините?

Секоја одлука што сме ја донеле во одреден момент е најдоброто што сме го знаеле тогаш. Во текот на животот одлично е кога созреваме, кога стекнуваме нови искуства и животни знаења, па кога ќе се навратиме со нашите мисли наназад и се преиспитуваме за некоја одлука, ако сфатиме дека сега во овој период во истата ситуација која ни се случила во минатото би постапиле поинаку, тоа е знак дека сме ја научиле лекцијата.

Доколку некоја одлука во нас предизвикува немир не треба да дозволиме да западнеме во очај и тага со постојано самоизмачување со прашања од типот: „Што би било кога би било“, бидејќи тие состојби се стапица од кои е потешко да се извлечеме.

Тоа што треба да направиме е да прифатиме дека времето не можеме да го вратиме назад, што било-поминало, да се покаеме, и да продолжиме по вистинскиот пат.

Некои луѓе на минатото гледаат како на непријател, а други како на учител. Каде се наоѓа средината? Како да се препознае суштината што се крие во навидум погрешно донесените одлуки?

Има една народна поговорка која многу ми се допаѓа, а вели: „Секој светец има свое минато, секој грешник има своја иднина“. Најважно е да го прифатиме минатото какво што е, не можеме да го смениме и треба да го оставиме минатото каде што припаѓа.

Но, ние луѓето постојано одново и одново го преживуваат со постојано навраќање на мислите во некои минати ситуации, мислите повторно ги создаваат истите емоции компатибилни на нив, и тогаш влегуваме во круг од којшто не можеме да излеземе. Најдобро би било да учиме од туѓите искуства, но животот е таков, преполн со искушенија од кои секогаш треба да учиме и да создаваме нови спознанија за животот.

Затоа на минатото треба да гледаме како на учител, а научените лекции успешно да ги вметнеме во сегашноста за да создадеме поубава иднина.

simona petreska motivator i zivoten trener prifakanjeto na sebesi znaci da se bide brutalno iskren i cesen kon sebe 4

Симона, колку ти беше тешко да се прифатиш себеси?

Како и други луѓе, така и јас во определен период се чувствував дека живеам живот којшто ми е наметнат најпрвин со домашното воспитание, а потоа под влијание и на околината. Понекогаш носев одлуки кои длабоко во себе знаев дека не се добри, но заради моето вклопување во калапот направен од средината, неретко одев против себе.

Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа присутни во мојот живот. Но, во еден период се запрашав: „Симона, дали си среќна? Како ќе гледаш нa сегашниот живот на оддалеченост од пет години од сега? Дали знаеш што сакаш?“.

Со одговор на овие прашања сфатив дека животот се случува сега и тука и дека овој момент е моментот кога го земам животот во свои раце. Тоа беше најправилната одлука.

И што значи тоа прифаќање на себеси? Како успеа да си помогнеш и да бидеш свесна за својата големина?

Прифаќање на себеси е да се биде брутално искрен и чесен кон себе, постојано преиспитување на својот живот, зголемување на сознанијата за себе.

Да прифатиме дека за сè што ни се случува во животот, и добро и лошо, сме одговорни само ние. Фокусот да ни биде целосно кон нас, да согледаме што носиме во нашата душа, лошото да го исфрлиме и да го замениме со добро. Да бидеме свесни за нашите мисли и помисли.

Ако во нашиот ум се создаваат помисли кои нè вознемируваат веднаш да ги отфрлиме, да не навлегуваме во нивно анализирање, создавање сценарија, бидејќи повторно ќе влеземе во кругот на мисли-емоции, и порано или подоцна ќе се создаде ситуација во која ќе се реализира замисленото.

Затоа да негуваме само убави мисли за себе и другите.

simona petreska motivator i zivoten trener prifakanjeto na sebesi znaci da se bide brutalno iskren i cesen kon sebe 3

Во последните години сè почесто се зборува за живот во хармонија и достигнување на внатрешен мир. Што за тебе значи тоа? Како се достигнува таа хармонија во ова бурно време?

Многу ми е драго што се зборува и трага по живот во хармонија и внатрешен мир, но според мене и моите досегашни спознанија, некои патишта иако навидум водат натаму, тоа е само моментално и површно со кратко траење, а потоа животот станува уште понехармоничен.

Според мене живот во хармонија е кога има целосна сообразност и хармонија помеѓу душата, умот и телото. Многу луѓе мислат дека се создадени само од тело, па затоа, за жал, во денешно време акцентот е целосно ставен само на телото и неговото здравје, физичка активност и здрава исхрана.

Секако, дека е потребно телото да го негуваме, бидејќи тоа е храмот на нашиот ум и душа. Но, според мене најважно од сè е ја негуваме нашата душа и да работиме на создавање на еден духовен имунитет, волево и свесно секогаш да се трудиме да го избереме доброто наспроти лошото. Тоа е сигурен пат кој води до мир, а живот во мирот е еден од целите на нашето постоење.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg