Петар од Скопје живее во ашрам во Индија: „Се будиме во 5 наутро, по ладниот туш следи јога, а навечер медитација“

Што значи некој да има Гуру?

Пред сè битно е повторно да напоменам дека како човек сум бил и сè уште сум многу скептичен, логичен и кога ќе погледнам во мојот живот не можам да најдам дел во кој не сум имал проблем со авторитети. Како стигнав тогаш да имам свој Гуру?

Честопати луѓето имаат погрешни замисли за тоа што значи да имаш Гуру. Обично тие се вртат околу стравот дека некој човек има големо влијание врз голема бројка на луѓе, што се разбирливи стравови.

Сите верувам сме имале барем еден професор или учител кој сме го почитувале и сме поставувале прашања, едноставно сме учеле од него/неа.

Во мојот живот имав неколку, во даден момент почнав и да тренирам боречки вештини и тоа го правев 10 години. Во вештината имав двајца тренери кои до ден денес многу ги почитувам.

Покрај нив израснав и се многу клучни за мојот развој и едноставно без нив тој пат не би бил ист.

Да имаш Гуру не е многу поразлично. Кога некој човек сака да научи нешто поретко, да се стекне со некоја специфична вештина или да отиде кај што не бил порано тогаш е потребен водич.

Природно патот нè води кон одредена личност која може да ни помогне.

Јас имав силна потреба на спознавање на длабоките аспекти на мојот живот па природно стигнав до Садгуру. Со тоа што Гуруата иако зборуваат и даваат одговори на животни прашања сепак не им е тоа главната цел.

Целта е во нас да разгорат состојби кои не сме ги доживеале досега и да нè научат како цело време да живееме во тие состојби.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 3

Претпоставувам дека времето главно го поминуваш во ашрамот, но како ти е организирано секојдневјето таму?

Важно е да се спомене бројката на ашрамот. Во моментов во ашрамот има околу 6-7 илјади луѓе кои пак координираат 7 милиони волонтери низ светот. Постојат повеќе од 80 оддели и секој од нив си имаат посебни пододдели.

Да волонтираш во „Иша“ јога центарот е практично како да работиш во Google. Постои сè, од градинарство, кулинарство, огромен ИТ сектор, маркетинг, менаџмент, училишта, градежништво, превод, дизајн, финансии, право.

Практично секој аспект од животот е тука застапен во голема бројка. Исто така, често луѓето ашрамот го замислуваат како хипи комуна, но тоа е многу далеку од вистината.

Тука сè е насочено кон активност. Повеќето од луѓето тука веќе се реализирани во некоја ако не и повеќе аспекти во животот.

Има многу луѓе кои биле славни личности, директори на интернационални компании, но сепак големиот дел од времето го поминуваат тука, повеќето се тука на долг рок.

Човек што го чита ова ќе се запраша што е она што толку ги влече тука?

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 10

Секојдневието е навидум многу повторливо. Се станува околу 4 ипол – 5 часот, следува ладен туш и од 5 ипол почнуваме со различни јога вежби сè до 9 ипол кога е време за јадење.

После тоа времето го посветуваме на волонтирање сè до 17 часот кога е време за попладневна јога. Тоа завршува накај 19 часот кога е повторно време за јадење.

Останатото време го посветуваме на волонтирање или вечерно медитирање сè до 21:30 кога е време за спиење.

Сега, ова делува на многу монотоно секојдневие, но ретко кој го доживува на тој начин. Сите аспекти на ашрамот прават да во нас испливуваат многу заробени мемории од кои се ослободуваме па тоа го прави секој ден различен.

И искуството е еден ден поминат тука, е како 2 или 3 недели поминати надвор од ашрамот.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 5

Да се сретнеш лице в лице со Садгуру е посебно доживување, а тие средби се познати и како даршан, како помина твојата прва средба со него?

Ова што ќе го раскажам морам да напоменам дека вклучува искуство кое беше многу чудно за еден многу рационален и скептичен ум – каков што и бев тогаш, а веројатно сум и до ден денес.

Во еден од првите денови тука дознав дека после вечерата ќе имаме даршан со Садгуру. Прерадосен набрзина ја завршив вечерата и трчав да фатам место во првите редови.

Не бев зачуден дека имало и други пред мене со истата идеја па не успеав да седнам во првите редови.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 2

Поминуваше време и чекав да се појави Садгуру, сепак пропатував 6000 километри да го видам. Кога се појави, гледајќи го од далеку видов мала човечка фигура.

Нешто ме натера во тој момент да ги затворам очите. Кога ги затворив очите тоа што го видов пред мене беше толку големо што хоризонтот не беше доволно широк да го опфати.

Кога повторно ги отворив очите и повторно видов мала човечка фигура мојот рационален ум не можеше тоа да го прифати, а сепак не можев да го негирам искуството.

Не ми беше јасно како таа големина може да биде собрана во едно човечко тело.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 6

Имаше ли желба искуството од Индија и од ашрамот „Иша“ да го пренесеш и во Македонија?

Имав и тоа многу. По времето поминато во активизам барав нешто што навистина ќе направи промена во Македонија.

Пред да пристигнам во ашрамот морав да ја завршам програмата Inner Enginering. Во тој момент тоа го сметав како наметната бирократија од страна на ашрамот, но кој би знаел какви сè убавини ќе доживеам на програмата.

После иницијацијата во Шамбави која е дел од програмата лично ја увидов трансформативната моќ на Inner Enginering. Од тој момент се опседнав да ја донесам таа програма во Македонија.

Си реков ова им треба на луѓето во Македонија, нешто што навистина функционира и длабоко ќе нè трансформира.

Сите 9 месеци во ашрамот на тоа мислев и од кога се вратив целосно на тоа се посветив. Набрзо ми се придружија и други луѓе од Македонија и почнавме да се подготвуваме да направиме физичка програма во Македонија.

Бидна корона, па тоа стана невозможно. За среќа во меѓувреме се отвори можноста целата програма да се помине преку интернет. Од тогаш четириесеттина луѓе поминаа низ програмата и радосно гледам како изгледаат нивните животи и како сега таа радост ја споделуваат со други.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 4

Петар, тука некаде може да го завршиме разговорот… Што е она што сакаш да им го пренесеш на луѓето кои се посветени на работа, на градење кариера и едноставно се наоѓаат во статус-кво точка во животот?

Хм, да земеме еден пример. Ако пред нас имаме некое многу убаво јадење, а ние скоро сме се заболеле од корона и немаме сетила за вкус и мирис тогаш тоа најубаво јадење нема да има никаква смисла во нашиот живот.

На сличен начин ако имаме добра кариера или пари, но пред да легнеме се чувствуваме мизерно, или ако сме сакале фамилија, но после некое време ја чувствуваме како тежина - тогаш сите додатоци на животот ќе работат против нас, а не за нас.

Сакам да кажам, нема ништо лошо во храната, кариерата, парите, фамилијата, но сепак ти си тој/таа што тие ги искусува. Ако нема живост во нас, џабе ни се сите тие.

Вреди да посветиме дел од нашето време, енергија, пари во оваа насока. Да се направиме себеси поживи и радосни, тогаш сите тие работи ќе ни го дополнуваат животот и во истите ќе можеме навистина да уживаме.

Со други зборови треба да ја градиме куќата од темелот, а не од кровот.

За оние што се во статус-кво, тоа може да биде најголем благослов. Се сеќавам дека не ми било убаво кога сум бил во статус-кво, но после тоа сум гледал дека многу сум научил за себе во тие моменти.

Да не беа тие моменти тогаш немало да сум тука во животот. Ако само итаме никогаш нема да застанеме и да се запрашаме каде одиме.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 14

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg