Благица од Богданци е возач на камион: „Професијата ја наследив од татко ми, сите беа скептични дека ќе се справам со толкаво возило“

„Сѐ додека една девојка може да вози камион, се разбира дека може да вози и со штикли. Жена си – можеш сѐ! За случајните минувачи жена возач на камион е чудо невидено, а колегите многу ми помагаат, иако првиот ден беа изненадени дека жена ќе вози“ - Благица Тасевска од Богданци е една од ретките жени во Македонија што руши стереотипи и работи како професионален возач на камион. Таа во интервју за CRNOBELO.com открива со какви предизвици се соочува на работното место и како успева да се справи со толку големо возило.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-01.jpg

Во минатото Благица возела само низ Македонија, а во последните два месеца почнала да вози и низ странство. И на сонце и на дожд, но и во услови на снег таа управува со камионот и ја работи својата работа, подеднакво добро како и мажите возачи.

Во интервју за CRNOBELO.com таа раскажува како кај неа се родила желбата да почне да се занимава со оваа професија, со кои предизвици се соочува, а откри дали може да вози камион и со штикли.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-02.jpg

Колку време работиш како возач на камион и како дојде до тоа да ја избереш токму оваа професија?  

Како возач на камион работам од 2017 година. Професијата на мојот татко, кој е исто така професионален возач на камион, беше пресудна за она што би сакала да работам, односно да бидам возач и јас.

Додека бев мала постојано одев со татко ми, сакав да се возам со него и ми беше доста интересно.

Уште од мали нозе се роди оваа желба кај мене и прерасна во изборот за мојата идна професија.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-04.jpg

Како реагираа најблиските кога одлучи да почнеш да возиш камион, имаше ли некој кому не му се допаѓаше твојата одлука?

Сите мои роднини, а пред сѐ моите родители беа скептични, воедно и изненадени во врска со мојот избор на професија и одлука.

Се сомневаа дека девојка може да се справи со толку огромно возило.

Но, сепак, никој не се спротивстави на мојата одлука, туку напротив сите ме охрабруваа да се борам и да успеам.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-03.jpg

Како реагираат колегите, а како случајните минувачи на улица кога ќе видат жена возач на камион? 

Првиот ден моите колеги беа изненадени и зачудени, и не можеа да си поверуваат дека една девојка може да се справува со големо возило - камион, со влечење на церада и сите останати предизвици кои ги носи оваа професија.

Многу брзо ме прифатија и секогаш кога имав потреба од помош тие ми беа десна рака.

За случајните минувачи, жена-возач на камион е чудо невидено. Се вртат по повеќе пати за да се осигурат во тоа што го виделе нивните очи. Имаше многу реакции и коментари, а најголем дел беа позитивни и охрабрувачки.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-07.jpg

Те прифаќаат ли или сè уште постојат предрасуди дека тоа е само машка професија?

Кај нас сѐ уште постојат предрасуди дека ова е машка професија и дека девојка тешко ќе се снајде. Но, тоа е само овде, во Македонија.

Во Европа скоро секој трет возач на камион е девојка, и тоа е сосема нормално за разлика од кај нас.

Мислам дека полека почнуваат да се надминуваат овие предрасуди и дека ова ќе ги охрабри сите девојки кои сакаат да бидат возачи на камион, да не се откажуваат од своите соништа.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-11.jpg

Како се справуваш со малите дефекти на камионот?

Секако не е лесно, и оваа професија, како и секоја друга си има своја тежина. За проблемите по пат, како пукната гума или дефект на камион, во странство постојат посебни служби.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-09.jpg

Кога патуваш во странство колку време отприлика остануваш надвор од земјата и колку часа дневно ги поминуваш во возење? Каква музика слушаш додека возиш?

Кога патувам во странство, надвор од земјава останувам околу 15-тина дена.

Дневно возам по 9 часа, а правам по 3 паузи од 45 минути.

Секогаш слушам музика додека возам, расположението секогаш е „на ниво“. Инаку слушам секаков тип на музика, немам посебно омилен жанр.

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-05.jpg

Може ли камион да се вози со штикли?

Сѐ додека една девојка може да вози камион, се разбира дека може да вози и со штикли. Жена си – можеш сѐ!

Дали оваа професија би ја препорачала и на други жени?

На сите девојки што имаат желба за оваа професија, им препорачувам воопшто да не се двоумат, бидејќи ништо не е невозможно и ништо не е толку тешко како што изгледа.

Моето животно мото е: „Не ми пречи што живеам во машки свет, сѐ додека во него можам да бидам жена.“

blagica-od-bogdanci-e-profesionalen-vozach-na-kamion-ne-mi-prechi-shto-zhiveam-vo-mashki-svet-s-dodeka-vo-nego-mozham-da-bidam-zhena-22.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка м... „Свадбата беше буквално како што замислувавме - во вила покрај плажа, со многу з...
Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Перица Илиевски, страстен читател и колекционер на книги: „Мојата библиотека има 304 книги, купување...  Перица Илиевски (20) од Свети Николе е студент на факултет за информатика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg